ДУИ под удар на СДСМ и БЕСА

Власт или Пропаст

Претседателот на државата вчера го додели мандатот за формирање на новата влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Почнува тежок процес на преговори за формирање влада - во игра влезе и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој вчера истакна дека водејќи се од заедничката платформа на Албанците, почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ

Пишува: Љупчо Златев

Откако вчера претседателот Иванов му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, почнаа да течат уставните рокови.

Мандатарот во рок од 20 дена, односно до 29 јануари, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

На ВМРО-ДПМНЕ ќе му бидат доволни само десетте пратеници од ДУИ за да состави влада. Но, Груевски има исклучително тешка задача ако се знае платформата што ја донесоа трите албански партии како услов за коалицирање. Во неа има барања кои директно задираат во македонскиот идентитет, како што се барања за нова химна, знаме и грб, и двојазичност на цела територија.
Груевски веќе најави дека ќе се обиде да состави влада, но оти тоа нема да го прави по секоја цена. Тој нагласи дека ако овој пат биде изигран од страна на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати уште посилно.

Од друга страна, лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека влегува во преговори за формирање на нова влада со партијата победничка, односно со партијата која има освоено најмногу мандати на изборите.

-Ние ќе продолжиме да разговараме со првата партија која доби најмногу мандати - кратко одговори Ахмети во неговото синоќешно гостување на ТВ 21.

Но во исто време Ахмети и негира дека досега имало било какви официјални средби помеѓу него и Груевски, или пак средби на ниво на работни групи.

Груевски е единствениот мандатар - Уставот не предвидува втор мандатар

Професорката Иванка Додовска, како одговор на платформата на партиите на Албанците, нагласува дека е време за македонска платформа која ќе се базира само на три точки:

- Влада на македонско национално единство, попис на населението и нови предвремени парламентарни избори - вели професорката во колумна за Телеграф.мк.

Зачудувачки е што СДСМ три дена молчи и не се изјаснува дали се прифатливи барањата на Албанците. Слични ветувања даваше лидерот Зоран Заев за време на кампањата, за што СДСМ доби голем број гласови од Албанци.

Заев од сенка се надева дека тој ќе ја составува владата доколку тоа нема да може да го направи Груевски. Но експертите не мислат така.

Според нив, никаде во Уставот не е наведено дека претседателот на државата треба мандатот за формирање на владата да му го додели на друг мандатар доколку мандатарот на партијата што освоила најголем број гласови не успее да состави влада. Согласно Уставот, може да има само еден мандатар. Уставот не предвидел резервен или втор мандатар.

- Ако коректно и без политичко-партиски навивања се чита членот 90 од Уставот, може да се види точната намера на уставотворецот кога ја напишал на конкретниот начин. А намерата е, во ниту еден случај, макар и теоретски, да не се остави правна можност да се заобиколи изборниот победник и да се навлезе во водите на политичкиот волунтаризам - нагласува професорката Тања Каракамишева.

СДСМ не ја коментира платформата - но под маса ја прифаќа

Заедничката платформа на албанските политички партии ја разбранува македонската јавност. Барањата за двојазичност и редефинирање на земјата кои беа испорачани од лидерите на ДУИ, БЕСА и Алијанса не се прифатливи за скоро никој во македонскиот политички блок. Но, од СДСМ не сакаат да ги отфрлат, ќе ги коментирале само кога ќе бидат доставени до нив.

-Ние не сме ја добиле платформата официјално, кога ќе ни биде доставена лично, тогаш ќе соопштиме која е нашата одлука, односно процена, засега не коментираме повеќе - велат од СДСМ.

Но зад сцената дознаваме дека Заев и раководството испратиле пораки до ДУИ и Ахмети дека би прифатиле се што е напишано во платформата само да се играчи за составување на новата влада. За ова нема потврда ниту јасен демант од СДСМ.

Без задршка за раководството на СДСМ било прифатливо да се воведе двојазичост на целата територија, вклучително и во градови како Делчево, Струмица, Штип, Свети Николе и останатите градови каде Македонците се убедливо мнозинство, како и решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската Унија и НАТО. Но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на "геноцид врз Албанците во Македонија“.

Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на се само за да влезе во владата.

Дека "ишаретите# на СДСМ до албанските партии се реалност, се надоврзува и ставот на идеолозите на СДСМ дека платформата на Албанците е премногу мека и на тој начин создавајќи услови таа безусловно од СДСМ да биде прифатена.

Главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски во колумна пишува дека очекувал пожестоки, посуштествени и поконкретни барања.

Очекував многу повеќе од "заедничката платформа на албанските партии за Македонија“,

подготвена под спонзорство на Тирана. Очекував пожестоки, но посуштествени и попринципиелни барања. За жал, тие тоа не се. Не се "историски исчекор#, како што се фали Еди Рама, пишува Героски.

За уште еден отворен опозициски поддржувач, Бранко Тричковски, платформата на албанските партии е "добра основа за формирање на влада#. Тричковски пишува "не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија“.

Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата стварност. Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати. Треба да биде среќен ако помине само со овие "издатоци!“, пишува Тричковски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари