Владата: Отстранета е опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за изработката на Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, како и извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките.

Согласно препораките, соопштија од Владата, преземени се мерки и активности со што е отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО.

„Владата го задолжи Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО да го достави извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, во рок од 10 дена од усвојувањето на Информацијата“, соопштија од владината прес-служба.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари