АЛБАНСКИТЕ АНАЛИТИЧ АРИ И ПОЛИТИЧАРИ

Владата на Заев ќе биде нефункционална, ќе трае помалку од шест месеци

По средбата меѓу мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, очекувањата се дека ќе биде појасно дали интегративците ќе се изборат за осум министерски позиции или ќе треба да се задоволат со пет-шест, колку што веројатно ќе биде понудата на идниот премиер

Чуден е односот на албанските партии откако Зоран Заев го доби мандатот за формирање влада. Веќе не се знае кој што бара и кој што добива и во чии име лидерот на СДСМ ги даде гаранциите.

Ваква констатација даваат политичките аналитичари од Албанскиот блок. Аналитичарот Нијази Мухамеди, нагласува дека лидерите на партиите како да заборавија на платформата и на барањата што ги имаа за дојдат на власт.

- Тоа не беше ниту тиранска платформа ниту декларација, туку барања на Албанците кои ги има во нивните програми. Сметам дека во ова најголемо влијание имаше ДУИ, за да се наметне како прва партија кај Албанците и да ги придобие гласачите - вели Мухамеди за Телеграф.мк.

Според него, чудно е како тие прифатија Заев во нивно име да ги потпише гаранциите за учество во владата.

- Поради тоа, сметам дека новата влада ќе биде нефункционална и нема да трае повеќе од шест месеци - дециден е Мухамеди.

Мухамеди го коментира и учеството на партиите на Албанците во новата влада, во која треба да влезат ДУИ, "Алијансата за Албанците# и можеби Беса.

- Клучна партија во новата влада ќе биде "Алијансата за Албанците#. Без нивните тројца пратеници ништо нема да значат 49. пратеници на СДСМ и десетте на ДУИ - додава Мухамеди.

Колачот се дели, најмногу за албанските партии?!

По вчерашната средба меѓу мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, очекувањата се дека ќе биде појасно дали интегративците ќе се изборат за осум министерски позиции или ќе треба да се задоволат со пет-шест, колку што веројатно ќе биде понудата на идниот премиер.
Средбата Заев - Ахмети е официјалниот почеток на преговорите за поделба на владиниот колач, кој се очекува да продолжи викендов со средби на мандатарот со лидерот на Беса, Билал Касами, и со "Алијансата за Албанците“.

Официјално, од СДСМ и од ДУИ се воздржани за распределбата на министерските позиции. Неофицијално, од партијата на Ахмети велат дека преговараат за пет министерства и три вицепремиерски позиции, а информациите од СДСМ се дека понудата за ДУИ е пет ресори со оглед на тоа дека во кабинетот на "Илинденска# ќе треба да седнат уште два владини партнера - "Алијансата“ и Беса.

Партиите не откриваат кој се седне во министерските фотелји иако од СДСМ е извесно дека двоецот Заев и Радмила Шекеринска ќе бидат во извршната власт. За Шекеринска се споменуваат вицепремиерска позиција за реформи и евроинтеграции или министерското столче во Одбрана. Како извесни кандидати за министерски фотелји се споменуваат и Оливер Спасовски во ресорот МВР, Никола Димитров за надворешни работи, а во зависност од поделбата на ресорите со ДУИ можно е во извршната власт да бидат и Рената Дескоска-Треневска и Фросина Ременски.

Никола Димитров веќе самопромовира како иден министер за надворешни, преку средбата со Хојт Ји.

Иако во јавност веќе се вртат имињата на Артан Груби и на Изет Меџити како можни вицепремиери за Рамковниот договор, како и враќање на Теута Арифи во извршната власт, дознаваме дека Ахмети ќе приреди вистинско изненадување при изборот на министрите од ДУИ во новиот владин кабинет. Извори од ДУИ брифираат дека одлуката на Ахмети е во новата влада да нема ниту еден функционер кој веќе бил министер во која било претходна влада и дека ќе нема ниту еден од рефрешираните министри од последниот владин состав. Ова би значело дека Ахмети на "Илинденска“ ќе понуди целосно нов состав.

При поделбата на ресорите, според првичните најави, едно министерско место ќе ч биде понудено на "Алијансата за Албанците#, и тоа ресорот здравство. Доколку се потврди тоа, за таа функција веќе се споменува генералниот секретар на ДР-ДПА, Арбен Таравари, кој по професија е лекар. Информациите се дека лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, ќе остане пратеник. Од "Алијансата# велат дека допрва ќе преговараат со Заев дали ќе бидат дел од владиниот кабинет.
Најнеизвесно е дали на "Илинденска# ќе седне и партијата на Билал Касами. Заев по добивањето на мандатот Иванов, веднаш се сретна со Касами и разговарале за изборните платформи за да се допрецизира владината програма.

- Првичните позиции во разговорите меѓу нас се дефинирани, а се во согласност со тоа што ќе стои во програмата на реформската влада - изјави Заев.

Лидерот на Беса, пак, повтори дека нема да учествува во влада со луѓе што се под истрага на СЈО. Беса, за да биде дел од владата, бара редефинирање на државата и транспарентна владина програма со рокови за сите проекти.

Висок функционер на Беса, за Дневник брифира дека ќе бидат дел од новата владата доколку биде прифатен нивниот услов владата да функционира на партнерски основи. Ова би значело еден вид консензус за сите прашања, односно Беса не сака да се доведе во ситуација да аминуваат одлуки на Заев и Ахмети, како што бил договорот на двајцата лидери за претседател на Собранието, туку меѓу Заев, Ахмети и Касами да има партнерски однос. Вториот услов за Беса да биде дел од владата е да добие еднаков број министерства како ДУИ и со еднаква тежина на ресорите. Ваквите позиции на Беса може да ги отежнат преговорите и желбите на Заев во новиот владин кабинет да бидат трите партии на Албанците. ДУИ не крие дека не ја сака Беса во владата бидејќи, како што велат, не е албанска партија. Ахмети во никој случај не би прифатил да дели еднаков број ресори со Беса.

БЕСА ја условува поддршката за Влада

Движењето Беса не го поддржа изборот на Талат Џафери и имаше свој кандидат за оваа позиција. Според информациите кои кружат во јавноста едно од клучните барања на Беса за поддршка на владата на СДС и коалиционите партнери е да го добие местото Претседател на Собранието на Република Македонија.

-При предложувањето на господинот Талат Џафери како кандидат, тој беше предлог на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците. Значи ние не бевме дел од тој процес на консултација и заради тоа мислиме дека тоа треба да се продискутира понатаму како една целина за можна соработка понатаму во владејачка коалиција - рече Кастриот Реџепи.

Талат Џафери беше избран за Претседател на Собранието во процедура која е оспорена и според деловнички и според законски аспект и ваквите изјави кои доаѓаат од движењето Беса дополнително го оспоруваат неговиот легитимитет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари