Гостивар, Велес, Тетово

Викенд акција на МВР и УЈП: Тетово - Див запад!

Најголем број проверени локали, како и откриени прекршувања на законите има во Тетово. Од МВР највуваат информации во текот на денот.

МВР и УЈП цела ноќ на терен. Се „чешлале" угостителски објекти во Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар и Велес, а се проверувало дали се почитува законот за пушење, дали се точи алкохол на малолетници, посед на дрога, неиздавање фискални и друго.

Се уште нема информации колку точно локали се проверени, но според извори од теренот, најголем број проверени локали, како и откриени прекршувања на законите има во Тетово. Од МВР највуваат информации во текот на денот.

Пред една недела во координирана акција на полицијата со инспектори од УЈП, инспекторатот за труд и пазарниот инспекторат се проверуваше работата на 24 угостителски објекти во Скопје, од кои 13 беа затворени поради утврдени неправилности.

Поврзани

Најнови вести

Коментари