(Видео) Мојановски: Одлуката на МПЦ ги следи политичките односи меѓу Македонија и Бугарија

Ова прашање треба да се набљудува и во контекстот на воспоставување политички односи меѓу Македонија и Бугарија со потпишувањето на договорот. Во тој контекст, ова прашање апсолутно ги следи стапките на политичките и општествените односи и се обидува за прашањето за вклучување на МПЦ во светот на православните цркви да се најде соодветно решение. Ова обраќање на МПЦ до БПЦ и негово објавување пред да се изјаснат бугарските авторитети несомнено ќе создаде нов шум во светот на православните цркви на Балканот, ќе заостри определени односи, ќе ја распламти идеите за националистички концепти кои егзистираат во Македонија во последните 150 години, но во секој случај тоа покажува дека во МПЦ постои свест да се бараат и други решенија, вели поранешниот претседател на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, Цане Мојановски.

„Македонската православна црква изразува подготвеност да ја признае Бугарската православна црква како мајка црква заради историското искуство и долгото постоење на организациони форми на БПЦ. Ова прашање треба да се набљудува во контекст на односите помеѓу Српската православна црква и Македонската православна црква, кои повеќе од 70 години прашањето за автокефалноста на МПЦ го држат отворено“, вели Мојановски.

„МПЦ е надвор од светот на православните цркви и таа не општи со нив. Долгата борба беше проследена со организирањето на СПЦ во Република Македонија дефинирана како православна охридска архиепископија и настојувањето на заедничката комисија да најде решение. Во 1958 година беше прифатен ставот на СПЦ и беше формирана МПЦ како автономна црква се до 1967 година кога односите меѓу овие две структура настануваат определен број на проблеми што резултираше со возобновата или автокефалноста на МПЦ“, нагласува Мојановски.

Тој вели дека од 1990 година, па сè досега речиси секоја година постои контиунуиран обид на МПЦ да се отвори прашањето и да се разговара со СПЦ што заврши со еден акт на Српската православна црква и формирањето на православната охридска архепископија во Македонија.

„Ако се гледа од тој аспект ова обраќање на МПЦ е последица на тие односи и настојувања да се најде начин да се вклучи во светот на православните цркви и притоа да искористи определени историски претпоставки“, рече Мојановски.

Тој вели дека времето ќе покаже дали ова решение е соодветно, но во секој случај укажува на тоа дека од МПЦ се решени и бараат одговор на прашањето како да излезат од овој свет на затвореност, односно да се вклучат во светот на православните цркви.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари