(Видео) Има проблеми со работната група во Правда и се обидуваме да ги решиме, тврди судијката Николовска

Има проблеми со Советот за реформи во правосудството и се обидуваме тие проблеми да ги детектираме и расчистиме, изјави поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска. Дел од експертите кои членуваат во ова тело се пожалија во јавноста дека се соочуваат со проблеми, политички влијанија и недоволна транспарентност.

Николовска вели дека Комисијата каде што таа членува, се работи на измена на Законот за судскиот совет и Законот за судови, постајно е во заседание. „Проблем настана околу таа комисија која што ќе работи на повторување на постапките“, вели Николовска. Таа потенцира дека не станува збор само за кривичните постапки, туку и за граѓанските и управните постапки. Професорите Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев и останати членови најавија оставки доколку Советот за реформи во правосудството вистински не профункционира.

В. М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари