ВИДЕО: Игор Дурловски, Игор Дурловски – скандираше публиката на „Набуко“ во МОБ

Игор Дурловски, Игор Дурловски, скандираше вечерва публиката во Македонската опера и балет.- пишува „Република"

Непосредно пред почетокот на операта „Набуко" која вечерва е на репертоарот на МОБ, дел од публиката присутна во салата го искажла својот револт од приведувањето и притворот на еден од најдобрите македонски оперски пејач, Игор Дурловски. По извикувањето на името на оперскиот пејач, според информациите на Република, присутните не го попречиле почетокот на операта.

Дурловски се наоѓа во притвор од 29 ноември годинава, а заедно со него се актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, твитерџијата Богдан Илиевски, шестмина пратеници, од кои тројца во домашен притвор.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари