Потпишан Договорот за изградба на новиот клинички центар во Скопје

(Видео) Eве како ќе изгледа новиот клинички центар Мајка Тереза

Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата.

 

Вредноста на договорот изнесува околу 72 милиони евра, а предвидува градежните работи да завршат во рок од 45 месеци од почетокот на градбата. Овој клинички центар ќе овозможи врвен третман на пациентите според меѓународни стандарди

Потпишан договорот за изградба на нов клинички центар "Мајка Тереза# во Скопје, вреден околу 72 милиони евра, со рок на изградба од 45 месеци од почетокот на градбата. Договорот го потпишаа вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите Гранит, Бетон и италијанската ИНСО.

На проектирањето на новите објекти и инфраструктура на клиничкиот центар се работело четири години, при што интензивно работеле тимови проекти од италијанска компанија во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа.

Тодоров, по повод потпишувањето на договорот, истакна дека постојниот Клинички центар "Мајка Тереза# е најголем здравствен комплекс во Република Македонија, а со изградбата на новиот клинички центар ќе бидат поставени нови стандарди за квалитет на здравствените услуги во Македонија.

-Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше, но оние вистинските прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од премиерот, но овој проект не е само наш проект, ова е национален проект. Проект на државата Република Македонија. Здравјето не препознава политичка, етничка или каква било припадност и затоа најважно е овој проект целосно и навремено да се реализира со цел што е можно побргу придобивките од новиот клинички центар да ги имаат граѓаните и државата - посочи Тодоров во Владата на чинот на потпишувањето на договорот.

Според него, новиот клинички центар ќе овозможи врвен третман на пациентот и негово олеснето движење и удобност во рамки на објектите.

-Задоволени се највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани и од аспект на современо автоматизирано и централизирано управување преку билдинг менаџмент систем, ќе се применува пневматски транспорт на биолошки материјал што досега воопшто го немаше во јавното здравство и бројни други најсовремени технологии при изградба на објекти од ваков тип - објасни Тодоров.

На својот фејсбук-статус Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, напиша дека се работи за најсовремен капитален проект во македонското здравство, што им е ветен на граѓаните од нивна страна.

-Со градба на новиот Клинички центар ќе отпочнат двете најголеми градежни компании во Македонија Гранит и Бетон, и реномираната италијанска компанија Инсо. Вредноста на договорот, односно инвестиција, е околу 72 милиони евра, напиша на својот ФБ-профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Според него постојниот Клинички центар "Мајка Тереза# се протега на површина од 17 хектари и се состои од 32 независни субјекти со вкупен персонал од 3.400 лица, а низ клиниките годишно минуваат повеќе од 800 илјади пациенти и посетители.

-Новата зграда на клиничкиот центар ќе биде со нето-површина од 46.987 метри квадратни корисен простор, 6.416 метри квадратни проодни тераси и кровни градини и 531 метар квадратен хелиодром. Објектот ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и современ хелиодром за транспорт на пациентите на 10-то ниво.

Ќе има и современ хелиодром за транспорт на пациенти на десеттото ниво. Се работи за најсовремен објект кој ќе биде врвен медицински центар. Ова е проект со досега најголемо значење за македонското здравство - дециден е Груевски и дополни дека со овој проект се овозможува највисоко ниво на квалитет на употребени материјали, висока функционалност и безбедност, при што врвен приоритет е третманот на пациентот и неговото олеснето движење и удобност во рамки на објектот.

Според него задоволени се и највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност на зградите, објектите ќе бидат интегрирани и од аспект на современо автоматизирано и централизирано управување, ќе се применува пневматски транспорт на биолошки материјал, што досега воопшто го немаше во јавното здравство и бројни други најсовремени технологии при изградба на објекти од ваков тип.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари