Вангеловски во понеделник ќе одговори дали имало местење на судски предмети во Врховен суд

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски во понеделник ќе одговори на обвинувањата на министерот за правда Билен Саљији, кој денеска обвини дека во Врховниот суд наместо случаен избор на судија се добивал очекуван избор на судија.

Од кабинетот на Вангеловски два часа по прес-конференцијата на министерот Саљији, во кој беше презентирани Извештајот на работната група за работата на судовите во 2016 и 2017 година, испратија сооштение во кое се вели дека претседателот на Врховен в понеделник ќе објави реакција.

Саљији денес рече дека судските предмети во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд се делеле рачно, а не преку Системот за автоматска распределба на судски предмети (АКМИС).

Поврзани

Најнови вести

Коментари