Температура до 20 степени

Утре променливо облачно, понесете си чадор

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и значително посвежо со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната 10 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Утринската ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во петок и за време на викендот наутро ќе биде свежо, преку денот ќе се задржи стабилно, а дневните температури благо ќе се покачуваат.

Најнови вести

Коментари