Утре пратениците ќе гласат по предлог-законот за јазици

 

Пратениците утре попладне ќе се изјаснат по прдлог-законот за употреба на јазиците по прво читање, откако денеска беше исцрпена собраниската расправа.

По ова ќе следи амандманска расправа во Комисијата за европски прашања, бидејќи законот има европско знаменце. Согласно процедурата, расправата во Комисијата ќе трае три дена, по што законот поврторно ќе оди на пленарна седница пред пратениците.

Инаку, според предлогот, законот предвидува покрај македонскиот јазик кој е службен на целата територија на државата, службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. Во сите органи на државната власт, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации, комисии, службен јазик покрај македонскиот јазик ќе биде и албанскиот. Истото важи и за единиците на локалната самоуправа.

Доколку ,претседателот на Собранието е албанец,пленарната седница ќе може да ја води и на албански јазик. Личните документи и патните исправи на граѓаните по автоматизам ќе бидат издавани на службениот јазик што го зборува граѓанинот. Во судските постапки, јавните обвинителства и сите други органи, тела и институции, покрај македонскиот, ќе се применува и албанскиот јазик.

За двојазичните банкноти, амблеми на војската ,хартите од вредност  ќе решава Венецијанската комисија и доколку таа позитивно се произнесе, тие дополнително ќе бидат вградени.Во општините каде што Албанците се над 20 отсто, униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик.

Според предлогот, за спроведување  законот ќе бидат издвоени дополнителни средства од Буџетот на Република Македонија, поврзани со основањето на Агенција за примена на јазикот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари