Станува хронична болест

Укради од ВМРО, продај кај СДСМ и земи пари, заштита или функција

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Мицковски деновие спомна нова трговија со документи од ВМРО ДПМНЕ која завршила кај СДСМ по што, веројатно, може да следи нов удар врз власта во ВМРО ДПМНЕ со поддршка на фактори надвор од партијата. Со името и имотот на ВМРО ДПМНЕ се пазареа и добија заштита за своите финансиски и политички интереси многумина, а некои добија и функции кај СДСМ. Дали ги препознавате Љубчо Георгиевски, Љупчо Балковски, Ден Дончев, Љубе Бошковски... ВМРО ДПМНЕ има хронична болест на внатрешна злоупотреба и ќе мора да најде решение за неа.

Од каде одеднаш се најде Ден Дончев, поранешен директор, пратеник и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ  на функција во владата на Зоран заев - и тоа на местото кое контролира многу голема моќ и, особено многу пари, директор на Фондот за здравство.

Ниту партијата од која доаѓа има значење за да го делегира на таа функција, ниту Ден Дончев има нкекои резултати во бизнисот или познавања од здравството, ниту пак СДСМ е краток на такви кадри па немало друг. Не, Ден Дончев ја заработи својата заштита, бизнис и денешна функција така што продаде имот на ВМРО ДПМНЕ за потреби на СДСМ, и за почеток се спаси себе од учество во аферата - стечај на Македонска банка

Дончев е присутен во земјава пред секои избори, а најголем дел од времето во последниве години го помина во Австралија каде и што живее. Последен пат се појави како кандидат на коалицијата "ВМРО за Македонија" во првата изборна единица кога им беше и шеф на изборниот штаб.

Дончев на последните избори беше и шеф на изборниот штаб на коалицијата на ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски, Обединети за Македонија и на Достоинство и беше носител на кандидатската листа во првата изборна единица.
Дончев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Телеком. Уште во времето на Љубчо Георгиевски во таа партија Ден Дончев е сметан за човек кој е дојден во политиката за профит, и дека нема стабилен политички поглед и принципи, што му беше препорака за Љубчо Георгиевски кој во 2001 го постави да директор на Телеком, во време кога се разработуваше првиот мобилен оператор Мобимак. Во 2006, по тогашните избори, беше пратеник. Кога беше генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, кај Никола Груевски таа доверба и соработка на бизнис план која ја изгради со Љубчо Георгиевски, кај Груевски ја немаше.

Од тие причини својот бунт кон Груевски за минирање на неговите бизнис проекти, како водење на проектот за стечај на Македонска банка, Ден Дончев го изрази така што злоупотреби голем дел од архивата на ВМРО ДПМНЕ, и од претходнта влада документи од архивите на министерството за фиансии и, со тој воен плен, претрча кај СДСМ давајќи им документација и податоци, вклучително и бесправно снимени телефонски разговори, податоци и документација која им е потребна на СДСМ за отварање афери и напади врз ВМРО ДПНЕ што беше детално опишано во медиумите кога овие нстаните се случуваа.

Едноставно, им однесе материјал кој беше замена за поддршка кон неговите проекти, подоцнежен надомест и функцијата која деновиве му ја дадоа - директор на Фонд за здравство со буџет од околу 350 милиони евра годишно.

Да се потсетиме, според последните наоди на СЈО, и во МВР група која била дел од власта на ВМРО ДПМНЕ во соработка со поранешен полициски функционер на СДСМ собрала и им предала нелегално снимени телефонски разговори од функционери на ВМДО ДПМНЕ на раководството на СДСМ во замена за поддршка и привилегии.

Сегашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски изнесе податоци дека и годинава група од ВМРО ДПМНЕ ја изнела базата на податоци и софтвер за менаџирање и евиденција на избори кој е и оперативна програмска основа за изборните стратегии, заедно со податоци за илјадници активисти на ВМРО ДПМНЕ. Повторно предавство, кражба на документацијата и повторно таа документација завршува кај СДСМ. Повторно некој злоупотребил имот, интереси и права на ВМРО ДПМНЕ и ги продал на СДСМ за да ја подрие својата партија, да добие поддршка од политичкиот противник за - истите да се вратат во разурнатата партија, но како власт.

Затоа, и на овие избори, метеротити откинати од јадрото на ВМРО ДПМНЕ заради реализација на свои пред се бинис и финансиски интереси како Љубчо Георгиевски, Ден Дончев, Јове Кекеновски, Љубе Бошковски со грчкиот поткуп... седат на иста маса со наводниот некогашен политички противник СДСМ, добиваат функции или пофалби од Зоран Заев и - се борат против ВМРО ДПМНЕ. Токму Заев и СДСМ да им помогнат да ја земат власта во ВМРО ДПМНЕ и, потоа, да му бидат политички противник по негов избор. 

Заради нивната историја Заев овие лица ги користи но, умно ги чува подалеку од архивите и касата на СДСМ.

 



Поврзани

Најнови вести

Коментари