Убавата домаќинка на семејството Иванови!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска и утре e во Азербејџан, каде учествува на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави"  на  кој ќе  учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати... 

 

Домаќини на Иванов и неговата сопруга Маја во Баку се претседателот Илхам Алиев и неговата сопруга Мeхрибан Алиева, која тој минатиот месец ја назначи за потпретседател на државата со сите привилегии и надлежности.

Вниманието на светските медиуми Мехрибан го освоила најмногу со својот изглед. Во 2011 година Плејбој ја прогласил за најсексапилна прва дама на светот. Мeхрибан Алијева била пратеничка и се наоѓа на чело на хуманитарната организација „Хајдар Алијев", што е најголема невладина организација во таа земја. 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари