Уапсен скопјанец, припадник на руската мафија


Скопјанец припадник на руската мафија бил уапсен попладнево од македонските безбедносни служби, дознава НетПрес од полициски извори.

Првичните информации на порталот велат дека триесет и четиригодишниот скопјанец бил фатен додека седел во кафулето „Бруклин" во „Сити Мол".

Според неофицијални полициски извори, станува збор за лицето Александар Драговиќ, кој два пати бил осудуван за убиство во обид, за изнуда и за вооружен грабеж и киднапирање, за што има издржувано и деветгодишна затворска казна.

Претпоставките на македонските безбедносни служби се дека Драговиќ е припадник на руската организирана криминална група „Вор В Законе", за која се претпоставува дека е поврзана со многу криминални дејствија на Балканот, но и пошироко.

Исто така, безбедносните служби претпоставуваат дека Александар Драговиќ бил и на боиштата во Украина, како платен војник.

Инаку, скопјанецот е во бегство околу четири години, а по него е распишна потерница од македонската полиција, која го бара за вооружен грабеж, кој тој го сторил во 2005 година.

За ова дело Драговиќ е осуден на три години затворска казна.

Криминалната структура „Вор В Законе", кое во слободен превод значи Законски крадец, е мафијашка организација од Русија, чии корени датираат уште од триесеттите години од минатиот век.

Членови се луѓе од цела Русија, како и од поранешните советски републики, но и од дијаспората на оваа земја низ целиот свет. Се карактеризира со строг код на криминални традиции.

Сите припадници на оваа организација се целосно посветени, така што не смеат да имаат семејства и не смеат да имаат никаква соработка со државата, односно да бидат припадници на армијата, или да се договараат за казни ако бидат уапсени.

Секој нов припадник се „крунисува" со тетоважи и други соодветни ритуали. Скопјанецот Драговиќ на десната рака го има тетовирано симболот на „Вор В Законе", што се забележува и на фотографијата.

Но, со текот на времето овие правила се измениле, но минимално.

Па така, по распадот на Советскиот Сојуз во 1990-тите, припадници на оваа група се инфилтрираре дури и во највисоките политички и економски слоеви.

Новите членови, за да бидат прифатени, мора да покажат значителни лидерски вештини, лични способности, интелект, харизма, заедно со добро документирани криминални досиеја.

Откако ќе бидат прифатени тие мора да живеат според т.н. Код на крадците. Казната за прекршување на овој код е често осакатување или смрт.

Припадници на групата има низ целиот свет, а се занимаваат од ситни кражби до криминални дејствија тешки и по неколку милијарди американски долари.

Честопати членовите на „Вор В Законе" се јавуваат и како арбитри во конфликти меѓу руските криминални фракции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари