Трамп повика против Сорос - Македонија го следи!

Откако американскиот претседател Доналд Трамп отворено застана против контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос и медиумите и организациите предводени од него, Македонија го следи трендот. Победникот на изборите ВМРО-ДПМНЕ во историскиот проглас, најави дека ќе се занимава со десоросоизација на Македонија

Група на интелектуалци основаше иницијатива која ќе се бори за стопирање на операциите на Џорџ Сорос и неговите организации во Македонија.

Водени од максимата "Не прашувај што државата направила за тебе туку што ти си направил за државата“, со Иницијативен одбор е формирано на граѓанското движење "Стоп Операција Сорос“

Движењето ќе го предводат интелектуалци и јавни личности од Македонија, кои под знак прашалник ќе го поставуваат работењето на фондацијата "Отворено општество# и нејзините сателити.

Иницијатори на движењето се историчарот и аналитичар Никола Србов и новинарите Цветин Чилиманов и Ненад Мирчевски.

-Бевме сведоци на насилие во нашето општество. Гледавме како физички се напаѓаат институции, физички се напаѓаа припадниците на полицијата, беше уништен и запален државен имот, поточно, народната канцеларија на претседателот на државата. Бевме сведоци на напад на нашата држава во кумановската населба Диво насеље. Гледаме како се гази врз волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија. Сведоци сме како се узурпира целиот граѓански сектор и истиот беше искористен и инструиран во полза на политичка партија што е недозволиво и е надвор од принципите на секакво граѓанско организирање, рече историчарот Никола Србов.

Новинарот Цветин Чилиманов, пак, истакна дека во изминатиот период е очигледно оти луѓето на фондацијата Сорос сакаат да задржат монопол во граѓанскиот сектор во Македонија и тоа треба да се спречи. Затоа што тие наметнуваат илиберални и недемократски вредности. Во исто време, се говореше и за спрегата помеѓу странските дипломати во Македонија и Соросовите структури. Соговорниците истакнаа дека во периодот што следува тие ќе поставуваат прашања до сите засегнати страни од невладини организации па до дипломатски претставништва.

-Ги повикуваме сите слободоумни и правдољубиви граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, вера, пол или политичко убедување, но со јасно изразени демократски вредности, да ни се приклучат во борбата против едноумието во граѓанскиот сектор осмислено и предводено од Џорџ Сорос. Водени од максимата "не прашувај што државата направила за тебе туку што ти си направил за државата“, се собравме во Иницијативен одбор за формирање на граѓанското движење "Стоп Операција Сорос“ преку кое во наредниот период ќе го иницираме и ќе дадеме придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија - порачаа иницијаторите на проектот.

Запрашани за карактерот на нивното движење, предводниците рекоа дека "непријателот“ не е воопшто наивен, но дека интересите на Република Македонија им се поважни од сопките со кои ќе се соочуваат.

-Ние сме свесни со каква структура на моќ имаме работа, но исто така сме уверени дека во Македонија има многу родољубиви патриоти кои се спремни да застанат во одбрана на својата татковина. Дали ќе успееме во намерите или нема да успееме нема да зависи само од нас туку ќе зависи од одѕивот и масовноста на граѓаните и искрено се надевам дека ќе имаме успех во нашето понатамошно дејствување, рече уредникот на Република, Ненад Мирчевски.

"Евро за Вицето“ е идеалниот модел на Сорос за работење на општините

Согласно Соросовата фондација во Македонија, работата на Општина Струмица се смета за најдобра. Останува нејасно дали оваа констатација на Фондацијата е резултат на долгогодишното партнерство на СДСМ и Сорос или навистина на т.н. невладин сектор му се допаѓаат политиките на Зоран Заев во Струмица, објави Нетпрес.

-Секогаш кога принципите на отвореното општество биле загрозени, ние сме биле тука да реагираме. И не само ние, главна улога на граѓанското општество е да ја следи одблиску работата на властите, дали е тоа централна власт, дали е тоа локална власт, независно. И секојпат кога овие политики не се во интерес на граѓаните, обврска на граѓанското општество е да реагира. Морам да кажам дека во 30 набљудувани општини во Македонија, Струмица беше на врвот долго време како најдобра - рече директорката на Фондацијата на Сорос Македонија, Фани Каранфиловска.

За лицемерието и тенденциозноста во извештаите на Соросовите инсталации за работата на институциите најдобра потврда е признанието на Фани Каранфиловска. Таа и нејзината инсталација во невладиниот сектор ниту во минатото ниту вчера не спомена збор за воспоставената практика во Струмица градоначалникот Зоран Заев доделувал тендери на фирми на неговиот брат, братучед, братучетка, стрина, чичко, бизнис-пајташи, партиски фирми и слично.
Соросовите инсталации не кажаа ни збор за видеото во кое јасно се гледа и слуша Зоран Заев како бара по едно евро за црквата и едно евро за Вицето, за општински комунални работи кои законски е должен да ги спроведе како градоначалник на општината, пишува Нетпрес.

Согласно признанието на Фани Каранфиловска во работата на општина Струмица немало никаква забелешка, дури ни кога се случуваше случајот Глобал, за кој Зоран Заев и неговите соработници беа обвинети за криминал од 8 милиони евра, а потоа и аболирани од страна на Бранко Црвенковски.

За Сорос нема ништо спорно во општина Струмица и во случајот со дивоградбата Цареви Кули, која Заев незаконски ја легализираше, ниту пак во последниот случај со набавка на гас која го прави фирма на висок партиски функционер во СДСМ, која патем не ги исполнува условите.
Ако овие случаи во Струмица се доволни СОРОС да ја смета за најдобра општина, тогаш можеме да замислиме кој е капацитетот на оваа инсталација и каде се прават ваквите извештаи.

Директорката на Сорос лута поради контролата на УЈП

Соросовите инсталации не сакаат да бидат исконтролирани од УЈП како и сите други субјекти.
Фондацијата на СОРОС во Македонија покажуваат нервоза поради законската проверка која УЈП и другите надлежни институции во државата ја прават нивното работење. Самата Фани Каранфиловска, актуелната директорка на Фондацијата, признава дека тоа е законско право и обврска на институциите, но не сака нејзината инсталација од невладини организации да биде ставена во рамноправна положба, како и останатите правни и физички субјекти во државата.

-Никогаш до сега во овие 24 години не сме се судриле со институциите на државата. За првпат се случува сега на крајот на 2016 година во очи изборите и постизборно кај нас да биде најавена инспекција од УЈП. Апсолутно дека УЈП има мандат да го контролира работењето на невладините организации, така како и на сите други субјекти. Симптоматично е во изминатите 24 години ниедна власт од ниедна друга политичка провиниенција не чувствувала потреба преку УЈП направи еден ваков оркестриран упад во над 25 организации вклучително и Фондацијата отворено општество Македонија, што понатаму е надградено со сега некакво разгледување од страна на управата за финансиско разузнавање на почетокот на годината - изјави Фани Каранфиловска.

Очигледно доколку Каранфиловска се прашува, таа би побарала работата на овие институции барем уште 50 години да не влезат во Фондацијата за да продолжи да финансира поединци или групи кои ќе креираат хаос и сето тоа ќе го стават во функција на деструктивната политика на СДСМ.

Колку пари троши Сорос за корумпирање во Македонија?

Последната фискална година СОРОС Македонија потрошила над 6 милиони евра. Најголемиот дел од овие пари се трошат за корумпирање на медиуми, купување на влијание кои очигледно се употребува за да се фаворизира СДСМ, а дел од средствата се трошат и за разноразни платенички револуции, проект зад кој стои СОРОС и надворешни фактори кои одработуваат за СДСМ.

Постојат голем број медиуми портали кои функционираат исклучиво како резултат на постоењето на СОРОС и нивните пари, згора на тоа низ десетици други проекти се финансираат таканаречени ескперти кои во јавноста ја имаат улогата на платени плукачи против власта. Тие генерално се фокусирани кон оркестирано прикажување и градење на слика за наводен режим и недемократија што ни од блиску не се кореспондира со реалноста, пренесува Курир.
Но колку всушност е вредноста на овие пари. Македонија има 2 милиони жители, а дури 10 осто од сите пари на СОРОС се трошат токму во малата Македонија. СОРОС фондацијата на глобално ниво има буџет од 930 милиони долари, 70 милиони се за Европа.

Доколку оваа сума се спореди со Германија која има 41 пат повеќе жители од Македонија и БДП од 41 илјади долари по жител, 6 милиони евра на СОРОС во Македонија вредат како 2 милијарди евра во Германија.

Доколку се направи ваква споредба со САД, 6-те милиони евра на СОРОС во Македонија, таму вредат 12 милијарди и 300 илјади долари.

Вкупните расходи на фондацијата СОРОС за 33 години постоење се 13 милијарди долари, од кои 1,5 милијарди за активности во САД. Само во Македонија во последните дваесетина години СОРОС потрошила за корумпирање на граѓанскиот сектор над 100 милиони евра.

После 20 години имаме целосно корумпиран граѓански сектор со метастазирана корупција во медиумите, политиката, економијата при што се злоупотребува за политички цели, пренесува Курир.

СОРОС стана главниот спонзор на политичката партија СДСМ во Македонија, а во Европа и светот, особено во САД започнува процес на будење, односно десоросоизација, што во суштина значи отфрлање на корупцијата и враќање на демократијата и можноста за одлучување на граѓаните, наместо кај тесните клики спонзорирани од СОРОС.

Поврзани

Најнови вести

Коментари