Анализа на старт.мк

Светските сили во битка за Македонија: позадината на големата политичка криза на Балканот

За Москва, Македонија игра клучна улога во контролирањето на јужниот плински коридор, Турски поток. Доколку Зоран Заев, американскиот фаворит, дојде на власт, тоа сериозно би ги поматило руските планови.

Дури и оние кои само површно се упатени во политичката ситуација во Македонија, не се зачудени од постизборната криза која во моментов се одигрува. Најмалата бивша југорепублика е сместена на едно од најважните геостратешки локации, онаа која ги поврзува Блискиот Исток и европскиот континент. Според својот етнички состав претставува повеќе од плодно тло за дестабилизација во ерата на конфликти на евроазискиот простор. Џокер во целата ситуација е албанското малцинство кое тешко може да се нарече малцинство со оглед на тоа дека претставува речиси 30% (?) од вкупното население, пишува хрватскиот „Вечерњи лист".

Договорот во Тирана

Последните предвремени избори, протуркани од страна на Европската Унија и САД, резултираа со минимална предност за победа на ВМРО-ДПМНЕ и досегашниот премиер Никола Груевски, додека социјалдемократот Зоран Заев доби два проценти помалку (49 спрема 51 пратеничко место во парламентот). За формирање на влада, клучни се албанските партии со кои Груевски до сега успеваше да коалицира, но не и овој пат. Албанците се приклонија кон Заев, но во намерата беа спречени од претседателот Иванов, кој на некој начин стави вето на договорот.

Иванов, инаку од партијата ВМРО-ДПМНЕ, при тоа не попушта под притисокот на западната дипломатија. И даде „корпа" на Федерика Могерини, шефицата на европската дипломатија, а не потпаѓа ни пред пораките на западните дипломати. На кратко, неговиот став е дека власт не може да формираат постулати кои се договорени во трета држава, во случајот Албанија, под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.

Албанските македонски партии тој договор направен со Зоран Заев го донесоа од Тирана. Договорот предвидува широка автономија на албанскиот народ, воведување двојазичност на целата територија и во догледно време, веројатно федерализација на државата. Конзервативната струја ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Груевски и претседателот Иванов договорот го доживуваат како опасност и закана за распад на државата по етничка линија.

Груевски има предлог до Заев, но тој ја исклучува платформата од Тирана. Тој му понуди коалиција, во која Заев ќе биде премиер, формирање на парламентарно мнозинство составено од македонски партии кои ќе ги осигураат сите права во рамки на унитарната држава, а со кои се засегнати Албанците. Втората опција е и онаа помалку поволната. Груевски понуди и нови избори, „Доколку си толку уверен во својата опција, да излеземе на избори", му порача Груевски на Заев.
Во меѓувреме, се чини дека Груевски успеа да го мобилизира македонскиот народ и јавност, уверувајќи дека Заев поради желбата за власт склопил „Пакт со ѓаволот". Неговата цел е командување со државата и во догледно време реализирање на проектот Голема Албанија. Неговите приврзаници на протестите носат транспаренти на кои пишува „Не ја даваме Македонија!". Што се однесува до Заев и неговите албански партнери, тие сметаат дека Груевски едноставно не сака да замине од власт и манипулира со јавноста.

Фаворит на западот

- Тоа се лаги и обиди да се создаде национална нетрпеливост помеѓу народите кои живеат во Македонија. Им пречи нашиот договор постигнат со албанските партии ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, порачуваат од СДСМ на Зоран Заев.

42-годишниот Зоран Заев е фаворит на Брисел и Вашингтон. Неговата страна ја држат сите западни дипломати, а особено американскиот амбасадор во Скопје, Џес Л. Бејли. Покрај дипломатската поддршка која Заев ја добива со години, доаѓа и финансирањето преку безбројните невладини организации, што пред некој ден го потврди и Џудикал Воч, позната фондација која се занимава со интегритетот и транспарентноста на американската политика.

Во текстот објавен на нивната веб-страница, Џудикал Воч заклучува дека американската влада потрошила милиони долари на даночните обврзници со цел да дестабилизира демократски избрана, десно ориентирана влада во Скопје. Американскиот амбасадор Џес Бејли, заткулисно, користејќи ги средствата на организациите спонзорирани од Сорос, со години го спонзорира Заев.

Се работи за еклатантно кршење на Виенската спогодба за дипломатските односи, вели Џудикал Воч. Од 2012 за таа цел издвоени се 5 милиони долари, додека за периодот од 2016 до 2021 наменети се уште 12,5 милиони долари. Се работи за финансирање на таканаречената Соросова пешадија, бројни левориентирани организации кои со тие средства веќе подолг период организираат протести на улиците низ Македонија. Џудикал Воч заклучува дека власта на Груевски е една од најконзервативните во Европа, со најниска даночна стапка и јасна пролајф и прозападна политика, и како таква претставува трн во окото на Соросовите структури.

Целта на се уште актуелната влада во Скопје секако е елиминирање на амбасадорот Бејли со дискредитација во круговите на новата администрација на претседателот Трамп. Ако информациите за наводно подземно делување се покажат како точни, тоа нема да биде ништо ново, бидејќи тоа е „тренд" кој ги следи голем број земји во Источна Европа и Блискиот Исток. Најпластични примери за оркестрирано менување на власт поради несоработување со западот се примерите на војните во Сирија и Украина.

Согласно на тоа, Европската Унија се придржува на таа политика. Досега се обидоа да извршат притисок на претседателот Иванов преку евробирократите Могерини и Хан, но без успех.

Руската визија

Што е ново во кризата во Македонија? Во приказната овој пат на страната на Груевски доста активно се јавува руската дипломатија и интернационалните руски медиуми на англиски јазик. „Спутник" на пример, тврди дека се работи за класична хибридна војна против Македонија, кој многу лесно би можел да се претвори и во отворен судир.

Според „Спутник" западот го користи албанското малцинство во Македонија со цел на власт да ја донесе поразената опозиција. Со тоа ќе се загрозат темелите на уставните принципи на Македонија, наметнувајќи се решение однадвор спротивно на волјата на гласачите. Во крајна линија, уништувањето на македонската државност би можело да доведе до нова балканска војна, заклучуваат руските коментатори.

За Москва, Македонија има клучна улога во контролирањето на јужниот плински коридор кој води кон европскиот пазар. Од Турција, преку Грција, Македонија, Србија се до Унгарија. Непријателски ориентирана американска влада инсталирана во Скопје, како на пример онаа на Зоран Заев, сериозно би ги поматила руските планови. Со оглед на тоа руската дипломатија остро се противи на македонско-албанската коалиција.

Но, не се единствени актери рускиот и западниот блок. Ситуацијата од дистанца ја надгледуваат и официјален Пекинг и кинеските разузнавачки служби. Пекинг во рамки на сопствените планови за возобновување на Патот на свилата веќе извесно време успешно соработува со владата на Никола Груевски.

Македонија се наоѓа на листата на 16 европски земји во кои се планира изградба на важни транспортни коридори, а преговарачката ситуација и е особено поволна поради тоа што не е членка на ЕУ. Интересот на Кина е да го поврзе пристаништето во Пиреа, Атина, со централна Европа, односно Будимпешта. Важно е да се напомене дека Кина во изминатиот период го стопанисува најголемото пристаниште во Грција и забележува рекордни промети на бродски контејнери. Меѓу другото, како важна транспортна рута наведени се Македонија и Србија што може да се забележи со оглед на тоа дека кинески компании ги изведуваат работите на автопатите во двете земји и соработката на кинеската железница со МЖ.

Сојузништвото помеѓу Пекинг и Москва е очигледно, а може и да се изведат причините за истото, транспортниот коридор од кој интерес ќе има Пекинг и гасоводот од кого ќе профитира Москва. Кризата во Македонија лесно би можела да се претвори во отворен судир, кој уште полесно би се прелеал на целиот Балкан, вклучувајќи ги Србија, Косово и Албанија, па дури и Бугарија и Грција.

 

Најнови вести

Коментари