Акција

Струшкиот Црвен крст им помага на семејствата од планинските села

Општинската организација на Црвениот крст од Струга деновиве активно работи на достава на храна, средства за хигиена и ќебиња на семејства во лоша социјална состојба, од планинските села и стари лица, со цел да им помогнат на екстремно ниските температури.

Секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути информира дека семејствата со социјални проблеми ги нашле со помош на Центарот за социјална работа - Струга.

- Волонтерите на Црвениот крст изминативе денови посетија неколку семејства од повисоките планински места, стари лица, како и повеќедетни семејства во лоша социјална состојба на кои им однесовме храна, хигиенски средства и ќебиња со надеж дека ќе им помогнеме во овие студени денови, изјави Даути.

Волонтерите на струшкиот Црвен крст посетиле семејства во селата Луково, Дренок, Брчево, Нерези, Безево, Франгово, Јабланица, Делогожда и Ново Село. 

Најнови вести

Коментари