Стотици патници заглавени низ снежните наноси во Дебрца (ВИДЕО)

Автобуси, комбиња и автомобили стојат заглавени на коловозот на патниот правец Охрид - Кичево во општината Дебрца и на превојот Стража.

Граѓани кои се заглавени во снегот праќаат видеа и јавуваат дека се оставени сами на себе да се борат со непогодата.

Драмите на патиштата се редовна појава со години, а јавна тајна е дека МАКЕДОНИЈА ПАТ со години, најпрво ВМРО ДПМНЕ, а сега СДСМ ја користат за да и обезбедат на ДУИ по неколку милиони евра годишно, пари кои партијата ги добива преку ова јавно претпријатие, како дел од пазарењата при составувањето на секоја Влада, јавува порталот Охрид1.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари