МОН распиша конкурс

Стартуваше трката за студентски кревет

Околу 5500 студенти ќе добијат можност да се сместат во еден од државните студентски домови, а најголеми шанси ќе имаат академците од семејства кои се од социјално ранливи категории.

Аплицирањето за добивање место во државните студентски домови за следната студиска година започна вчера, преку електронско пополнување на пријава њњњ.конкурси.мон.гов.мк, а ќе трае до 12 август.

Начинот на распределба на местата ниту во условите за прием ќе биде по старо. Како што пишува во конкурсот на МОН, 40 отсто од слободните студентски легла ќе бидат наменети за студентите кои се деца без родители, со посебни потреби, на самохран родител или на невработени, како и оние семејства каде вкупните приходи не се поголеми од минималната плата.

За студентите со висок успех се наменети 25 отсто од местата, а преостанатите 35 отсто ќе ги пополнат студентите кои не припаѓаат во некоја од наведените групи.

Според наведеното, и годинава место во домовите ќе нема за оние кои го нарушувале куќниот ред и имаат воспитна мерка, останале должни за повеќе од еден месец за сместувањата од минатата година, како и за студентите што по втор пат се запишани како апсолвенти или оние на постдипломски студии.

Годинава место ќе има за 5.498 студенти, најмногу, околу четири илјади се за во Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари