Соросоидите брутално против странските дипломати кои не се во нивна служба

Дно дна! Напад на Себастијан Курц!

За жал, американскиот преседател Трамп и амбасадорот Волерс не се единствени жртви на клевети навреди и брутални омаловажувања од медиуми блиски на Сорос и СДСМ, последниот пример е и австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Oва е нивото и речникот на т.н. новинари на Соросовите медиуми и портали

34-годишен скопјанец заработи кривична пријава за недолични коментари и закани на Facebook кон американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли. МВР го сомничи за кривично дело повреда на угледот на странска држава бидејќи скопјанецот повеќепати на официјалната страница на Амбасадата на САД во земјава на социјалните мрежи, објавил коментари со недолчна содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник и кон неговото семјество. Доколку кривичната пријава биде прифатена и против скопјанецот биде покренато обвинение, според Кривичниот законик може да му биде изречена парична казна за повреда на угледот на странска држава.

Вакава пријава е основана со оглед на тоа што на ваков начин се заштитуваат претставници на странски држави, но се очекува поголема активност на институции во справување и со други слични примери, објави телевизија Сител.

Ова особено се однесува на повеќе медиуми финансирани или блиски поддржувачи на фондацијата Сорос и СДСМ каде постојано можеме да видиме навреди, клевети и брутални понижувања за дипломати кои не се функција и интерес за политиката на СДСМ, па така медиумите под конторла на Бранко Геровски со месеци пишуваа со навреди за еврокомесарот Хан дека е некомпетентен и поткупен со 5 милиони евра од ВМРО-ДПМНЕ. Дека е некомпетентен и неписмен за политика истите медиуми го навредуваат и поранешниот американски амбасадор во земјава Пол Волерс.

Најбрутално и најнавредливо, според Сител е пишувањето на Сашо Ивановски кој себе се претставува како Саше Политико, кој дури и во извештајот на ЕУ за Македонија беше единствен споменат пример дека му се вршел притисок од власта. ЕУ го брани човекот кој пишува дека нивниот министер-еврокомесарот Хан е поткупен, а пишувањата и објавите за новиот американски претседател Доналд Трамп кои се збир на брутални навреди и клевети чии содржини не се достојни да се цитираат во друг медиуми, а особено на ТВ Сител за жал се уште не се предмет на истрага од МВР и Јавното Обвинителство иако никаде на Балканот нема да најдете пример со вакви навреди и клевети против американски претседател, па дури ни во Северна Кореја.

(Ова е дел од текстот, овјавен на Мактел.)

 

За жал, американскиот преседател Трамп и амбасадорот Волерс не се единствени жртви на клевети навреди и брутални омаловажувања од медиуми блиски на Сорос и СДСМ, последниот пример е и австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Иако австрискиот министер доаѓа во Македонија да помогне околу организација и донација на македонската полиција и други институции во справување со новиот најавен бран бегалска криза од Блискиот Исток, за медиумите на Сорос и СДСМ тоа не е важно, битно е да се направи колку е можно побрутално понижување на секој дипломат кој јавно не го поддржува Зоран Заев и политиката на СДСМ без оглед дали се работи за американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот американски амбасадор Волерс, австрискиот министер Курц или еврокомесарот Хан, информира Сител.

Можете да замисилите каква слика имаат во Вашингтон, Брисел или Австрија кога дознаваат како се третирани нивните дипломати од медиумите блиски на СДСМ и Сoрос. Особено затоа што сите вакви медиуми се финансираат од пари на УСАИД, фондацијата Сорос или од партиски извори.

Поврзани

Најнови вести

Коментари