Снежна покривка од половина метар во Маврово

Во Маврово до 16 часот е формирана снежна покривка од 55 сантиметри, информира УХРМ. Во Пожаране е формирана снежна покривка од 37 сантиметри, во Лазарополе од 25, во Тетово од 8, а во Берово од 5 сантиметри.

Времето до крајот на денот ќе биде облачно, во западните делови со повремени врнежи од снег, вдолж Повардарието од дожд, а во источните делови на Македонија врнежите ќе бидат претежно од дожд, но на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег. Обилни врнежи ќе има во западните делови.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари