Снегот е пред врата, од утре и кај вас

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби проврнувања на дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од два до девет степени.

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места.

Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари