Интервју со Мирослав Лазански

Ситуацијата зоврива: Србија и Грција и велат "Не" на Албанија!!!

Иницијативата на албанскиот премиер Еди Рама и четирите албански партии за двојазична Македонија, односно трета албанска држава на Балканот, ја зоврива ситуацијата и најавува војна, бидејќи Србија и Грција, заедно со Македонците, не можат да дозволат ниту поделба на Македонија ниту трета албанска држава на Балканот

Љупчо Златев

Мирослав Лазански важи за еден од најдобрите познавачи на воените и безбедносните прилики на Балканот. Долгогодишниот воен новинар и коментатор на српскиот весник "Политика# од лани влезе и во политиката како пратеник во српското собрание на листата на Српската напредна странка на премиерот Александар Вучиќ. Во Македонија тој неделава е на покана на новинарот Миленко Неделковски на кого ќе му гостува во следната емисија која ќе се емитува в петок во 22:15 минути на телевизија Алфа. Пред интервјуто, неговиот домаќин на "Вечер# му дозволи кратко интервју со неговиот ексклузивен гостин од Србија со кого поразговаравме за актуелните политички, безбедносни и воени предизвици во регионот.

Вие сте еден од аналитичарите кои најревносно ги следат безбедносните ситуации на Балканот. Како ќе ги прокоментирате случувањата последните настани? Вчера косовската и албанската влада имаа заедничко соопштение во кое известија дека заеднички ќе ги штитат интересите на Албанците на Балканот. Како го коментирате ова, знаејќи дека во овој лонец се наоѓа и Македонија со оваа политичка криза и платформата на Албанците која произлезе?

-Официјална Тирана сите проблеми на Косово ги доживува и како проблеми на државата Албанија. Иако официјално Еди Рама вели дека тие немаат проект за обединување на Косово и Албанија јас мислам дека тоа е проект и на Тирана и на Косово. Тие јасно кажаа дека тоа е продолжување на борбата на Призренската лига, обединување на сите албански територии и Албанците во една држава. Денес практично не ни постои граница помеѓу Албанија и Косово. Тие направија автопат кој оди од Приштина до Драч и Елбасан, па за 2 и пол часа се на море, Косово и Албанија веќе функционираат како една држава и нормално дека Албанија, како членка на НАТО, сите воени предизвици за Косово ги доживува како нешто каде што таа може да интервенира. Е сега, тоа што е спротивно од Кумановската резолуцијата 1244 е друго прашање, но таа резолуција 1244 постои само на хартија, во пракса се изгуби и никој не ја зема за нешто реално или релевантно кога е во прашање Запад. Има билатерален воен договор помеѓу Турција и Албанија кој и овозможува на турската армија да биде во Албанија, не само преку билатералниот договор туку и преку членството во НАТО. Изјавите на Еди Рама се изјави кои може да се очекуваат ако се знае албанскиот начин на гледање на работите, дали тоа ја загрозува Србија? Секако дека да, затоа што Србија на Косово се уште гледа како на своја јужна покраина. Колку се однесува тоа на вас како држава гледате и сами по фактот дека не може да формирате влада доколку албанските партии не го изнесат своите барања и доколку една од македонските партии не исполни се што албанските партии бараат. Вие од Охридскиот рамковен договор па наваму, него го имате како камен на вратот кој секои ваши избори ги прави се покомплицирани - без албанските партии не може да формирате мнозинство и да имате влада, а албанските партии се потпомогнати од Тирана, затоа што сите лидери на партиите отидоа во Тирана да се консултираат како да состават влада и кои се условите... Затоа ситуацијата ви е таква каква што е.

Не сте човек кој говори за теории на заговор, но постојат индиции дека сите овие случувања водат до некоја тенденција за создавање на "голема Албанија# и некоја дестабилизација која би се случила во Македонија во тој правец. Како интелектуалец и политичар од Србија, што мислите, дали Србија ќе стои со скрстени раце доколку во Македонија се случи некоја поголема безбедносна ситуација? Да се потсетиме дека ги имавме и кумановските настани, ја имаме и оваа платформа на албанските партии која воопшто не е блага и може да дојде до уште порадикални барања на Албанците. Како Србија би реагирала во таква ситуација? Како единствена земја на Балканот, покрај Грција за која можеме да кажеме дека има каква-таква армија, мислите ли дека Србија би дозволила да се реализира ваков проект?

-Србија и помогна на Македонија за време на кумановската криза, вие тоа сигурно го знаете. И во 2001, но и во 2015 Србија помогна. Можеби не за пошироката јавност, но помогна. На Србија и е во интерес Македонија да биде стабилна и единствена држава, на Србија не и е во интерес Македонија да се федерализира и да се подели на албански и македонски дел, Србија има интерес Македонија да биде единствена и силна за да може да има пријателска и братска соработка во сите области. Тоа е и традиција на македонскиот и српскиот народ. Доколку дојде до некоја поголема криза кога е во прашање единствена Македонија, тука прво ќе се замешаат Грците затоа што и ним не им одговара "голема Албанија", па прашање е што ќе направат Бугарите, а "голема Албанија# не и одговара ни на Србија, но пред се вам Македонците не ви одговара "голема Албанија#, затоа што тоа значи одземање на цела територија на Западна Македонија, што ќе правите подоцна? Вие морате како автохтони Македонци да расчистите во својата свест што значи за вас проектот за "голема Албанија#? Тоа е исчезнување на Македонија како единствена држава, нема да има Македонија и мора вие да се поставите. Не може ние во Србија да бидеме поголеми Македонци од вас Македонците како што и нас што ни велат Русите дека Русите не може да бидат поголеми Срби од Србите. Србите не може да бидат поголеми Македонци од вас Македонците.

Во неколку наврати сте учествувале на заеднички дебати со македонски интелектуалци, а гостувате и во следната емисија на новинарот Миленко Неделковски. Често сте дел и од други македонски медиуми. Има ли соработка и комуникација помеѓу вас и македонските интелектуалци или со тек на време по распадот на СФРЈ тие комуникации ослабнале?

-Пред се, јас многу ја сакам Македонија овде бев една година војник на ЈНА во Битола. Тука служев војска и ова го чувствувам како дел од некоја моја земја и понатаму. Имам добри пријатели, Борче од Битола, мојот некогашен старешина Васил Спасов, капетанот Михајловиќ и уште многу другари од војничките денови. Со македонските интелектуалци баш и немам некои контакти, само со господинот Драган Павловиќ - Латас и со господинот Миленко Неделковски. Не ме ни повикале на некоја тркалезна маса или слично, најчесто доаѓам во телевизиски емисии, а искрено не ни имам амбиции вам да ви арбитрирам, тоа се ваши работи. Вие како држава морате самите да решавате, кога ме повикувате на телевизија многу со задоволство прифаќам, но јас нешто да арбитрирам не е пристојно од мене затоа што не сум државјанин на Македонија, а ваше право и надлежност е да се занимавате со вашата внатрешна политика во која јас не сакам да се мешам. Но кога ќе ме повикаат Латас или Неделковски јас со задоволство прифаќам и кажувам што мислам. Воглавно сакам вие да опстанете како една држава која е квалитетна и единствена, а не да се распаднете во некоја форма на федерација затоа што почетокот на федерализација на Македонија значи исчезнување на Македонија како единствена држава. Тоа е крај на Македонија како држава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари