Дали е отворена пандорината кутија меѓу православните

Што пишуваат Грците за бугаризација на Македонската православна црква

Под насловите „Автокефалност од бугарската патријаршија бара расколничката македонска црква" и „Расколничката македонска црква подготвена да ја признае Патријаршијата на Бугарија како мајка-црква", специјализираните сајтови за црковни вести во Грција, „Ортодоксија" и „Ромфеа" ја пренесуваат веста за дописот испратен од МПЦ-ОА до БПЦ, а објавен од бугарските медиуми.

Барањето од членови на Светиот синод на МПЦ бугарската црква да стане мајка на МПЦ предизвикаа многу реакции во Македонија. Пред повикот на МПЦ се огласи Партениј, игумен во манаститот Св. Јован Бигорски, и според текот ан анстаните станува збор за концепт кој не бил од вчера, туку имало претходни пробни балони. “Непобитен историски факт е дека Бугарската егзархија е последната канонска Црква, коjа присуствувала на нашата територија пред присоединувањето на Македонија кон Југославија“, за него тоа е доволна причина за бугаризација на МПЦ, заборавајќи притоа да прецизира дека бугарската егзархија била присутна во Македонија, или “на оваа територија“ присилно, за време на бугарската окупација во Вторта светска војна, што е контекст, време и околности кои никако не можат да се земат афирмативно.

Бугарија ваквите ставови ги прифати и од нив брзо почна да создава пропаганда. “Искрено веруваме и се надеваме дека Бугарската патријаршија го има целото историско и канонско право, но и обврска, да ја признае автокефалноста на Охридската Архиепископија, вели пред Faktor.bg архимандрит Партениј.

„Македонската црква, која што не е признаена од Вселенската патријаршија, но и од ниедна друга православна црква во светот бара од Бугарската патријаршија да стане нејзина мајка-црква и заедно со неа да се стекне со евхаристиско единство", пишува порталот „Ортодоксија".

Во текстот се објаснува дека условот што македонската црква го поставила е да ѝ биде признаена автокефалноста.

Но, кои се првите реакции на другите православни цркви на оваа македонска понуда до бугарската црква? Како реагирираат Грците чија црква се смета за една од највлијателните во православниот систем и која, патем, е единствена државна православна црква, дел од грчкиот државен систем.

„Иако Бугарската патријаршија, засега, ги држи затворени картите, се смета дека е речиси неверојатно да се обиде да се вмеша во случајот, бидејќи и Вселенската патријаршија и Српската патријаршија под која припаѓа регионот на Скопје, го признаваат охридскиот архиепископ Јован, кој како што е познато беше прогонуван и затворен од властите на соседната земја поради неговите активност. Во случај, Бугарската патријаршија да се вмеша на начинот на кој бара македонската црква, тогаш се смета дека е сигурно оти ќе има итна реакција од останатите православни цркви", пишува во анализата на „Ортодоксија".

Во опширниот текст, новинарот коментира дека контактот на МПЦ-ОА и на БПЦ не бил случаен, затоа што во 2015 година бугарскиот патријарх Неофит официјално го примил г.г Стефан.

Со сличен коментар е и текстот објавен на сајтот за црковни вести „Ромфеа". Се споменува барањето од МПЦ-ОА за воспоставување евхаристиско единство и за, како што пишува порталот, „историската шанса патријаршијата да стане мајка-црква, на македонската црква".

„Светиот синод на бугарската црква, и покрај тоа што има разговарано со луѓе од ПЈРМ, се плаши да го направи првиот чекор. На крај, треба да се спомене дека бугарскиот патријарх повеќепати, на официјално ниво ги има примено расколниците, додека пак бугарската црква слободно го користи името „Македонија" и „македонска црква", пишува „Ромфеа" и додава дека во изминатиот период имало и официјални и неофицијални контакти меѓу претставници од двете цркви.

Со оглед на тоа дека Грција ниту ја признава македонската црква, ниту зборот „македонски" како термин, во текстовите на грчките новинари, при употребата на фразата македонска црква, терминот македонски е ставен под наводници, а црквата се споменува со епитетот расколничка.

Сепак, освен на овие два портала за црковни вести, во другите грчки медиуми, не постои вест за дописот и барањата од МПЦ-ОА до БПЦ. Кај јужниот сосед засега, нема никаква официјална реакција или коментар.

Писмото од Македонската православна црква до Бугарската патријаршија е исклучително позитивен чекор што треба да се прифати, смета Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник од редовите на партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, коментирајќи го барањето на МПЦ-ОА за евхаристинско единство со БПЦ.

„Ова е исклучително позитивно и би рекол дека писмото од Македонската архиепископија е револуционерно. Во овој исклучително поволен момент меѓу двете земји тоа е многу добар сигнал. Се надевам дека нашиот Синод позитивно ќе одговори и ќе им подаде рака на нашите собраќа", вели Ковачев за весникот „Монитор".

На прашањето дали евентуалната позитивна одлука на БПЦ би можела да ги наруши односите на Софија со други земји, Ковачев изјави дека Бугарија не мора секогаш да биде иста со другите и оти треба да го следи сопствениот интерес.

Поврзани

Најнови вести

Коментари