СЕЛФИ од Пимен и Јосиф до братот Агатангел - да се сликаме додека е бесплатно

Европскиот митрополит г Пимен и Тетовско-гостиварскиот г. Јосиф ја исмеаја небулозната одлука на Повардарската епархија и владиката Агатангел да воведе нова такса за сликање пред и во црквите за време на венчавки и крштевки.

Двајцата владици на МПЦ се сликале пред една од црквите на МПЦ-ОА во Малме – Шведска со порака „пред воведувањето на сликарината. Дур е бесплатно".

Сосема јасна е пораката што владиците Пимен и Јосиф му ја испратија на својот брат Владиката Агатангел, особено што денеска оваа информација предизвика остри негодувања во јавноста.

Извор: религија.мк

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари