Села: ДУИ вршеа криминал во Струга

Оваа реформа јас никогаш не верував дека ќе заврши со еден циклус избори ќе треба уште еден изборен циклус за да се разјаснат работите и јас очекувам оваа реформа да значи едно, одсега па понатака политичките партии да немаат сопственик

Веруваме во правна држава, веруваме во праведност. Таква сме екипа и политички концепт, не размислуваме за нас, ние сите во Македонија сме заинтересирани каква иднина ќе и оставиме на Македонија и нашите деца. Кога зборувам за нашите деца тоа е каква иднина ќе им оставиме на албачињата, македончињата. Погрешно во Балканот се толкува дека политиката е погрешна, неморална, криминал, за луѓе кои немаат морален кредибилитет и овој начин за подготвување на теренот за таквите да влезат во полтиката, затоа се кажува ова, за да влезат такви луѓе во политиката треба да се смени преку влегување на чесни луѓе кои имаат мораен кредибилитет и политиката е за благородни луѓе, вели пратеникот Зијадин Села, кандидат за градоначалник на Струга.

- Јас најавив уште пред две ипол години кога почнавме со процесот реформи во ДПА, реков дека реформите внатре во ДПА ќе бидат реформа во албанското општество, воопшто. И да така е , ние до сега имаме 4 понуди/опции во албанскиот кампус. Оваа реформа јас никогаш не верував дека ќе заврши со еден циклус избори ќе треба уште еден изборен циклус за да се разјаснат работите и јас очекувам оваа реформа да значи едно, одсега па понатака политичките партии да немаат сопственик. Тоа е проблемот кој воопшто се случува во Македонија, политичките партии стануваат сопственост на нивните лидери. Кога политичка партија станува сопственост да еден лидер тоа веќе не е демократија туку тоа е работа на политичките активисти, цели општества за еден човек. Јас сум почнал во статутот на партијата, јас ке имам максимум два мандати како претседател на партијата и хипотетички најголем успех да имам во сите мои програмски заложби како претседател на партијата, кога ќе завршат два мандати јас ќе си одам и нема да бидам повеќе претседател на паритјата, нема да одам од партијата ама претседател нема да бидам - тврди Села.

Поврзани

Најнови вести

Коментари