Се празни Идризово - 620 лица го напуштаат затворот

Со Законот за амнестија 670 лица ќе бидат ослободени од затвор, додека на 3097 други затвореници казната ќе им биде скратена за 30%. Во најголемиот затвор во Македонија, Идризово, од вкупно 1754 затвореници, на Законот за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица од кои 621 Македонец, 569 Албанци, 26 Срби и 257 Роми.

Во воведниот дел на законот, предлагачот ја оправдува амнестијата и со заштеда на буџетските средства, бидејќи по ослободувањето на еден голем број на затвореници нема да се трошат пари за подобрување на условите во затворите. Ресоцијализацијата е главната цел на законот според предлагачот. Адвокатот Мефаил Арслани мисли дека владата не превземала ништо токму за ресоцијализација на граѓаните.

„Доколку зборуваме за криминалот на улица и доколку зборуваме за ресоцијализацијата на лицата кои се во затвор, тогаш треба да се вратиме назад и да мислиме околу тоа што направила државата со цел тие лица да се ресоцијализираат додека се во затвор, или за да се вратат во системот? Можам да кажам со целосна одговорност дека не е преземено ништо околу тоа", изјави Мефаил Аслани.

Координаторот на парламентарната група на опозицијата Влатко Ѓорчев не се согласува дека законот за амнестија ќе донесе нешто добро. Тој рече дека во Македонија сега и јавната безбедност опаѓа. Според него со ослободувањето на затворениците состојбата уште повеќе се влошува.

Ѓорчев додаде дека СДСМ и владината коалиција ги ослободува овие лица со цел покасно да ги употреби за политички цели. Последниот рок за подготвување на листата со имиња на лицата кои ќе бидат дел од амнестијата е 29 јануари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари