Се отстранува камион кај клучката Дебреште, пренасочен сообраќајот на патот Градско-Прилеп

Сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп се пренасочува поради отстранување на тешко моторно возило кај клучката Дебреште, соопшти АМСМ.

Оттаму утрово информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража.

Според нивните податоци, намалена видливост поради магла од 50 до 150 метри има на патните правци Лисец – Попова Шапка, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари