ВО ВЕЛЕШКОТО СЕЛО ЛИСИЧЕ

Се обесила гимназијалка

Од засега непознати причини, ноќта на 30 април годинава, во шталата на својот дедо во велешкото село Лисиче се самоубила со бесење 18-годишната матурантка од гимназијата "Кочо Рацин" од Велес, Емилија Андоновска. Кога сите нејзини другарки се подготвувале за излет на првомајските празници, Емилија заминала од Велес, каде што живеела со своите родители на ул. Игманска 202, кај својот дедо во с. Лисиче. Ноќта, без никој да ја забележи, зела јаже и отишла во шталата каде што нејзиниот дедо го чувал добитокот. Дедото на Емилија долго чекал да се врати неговата внука, но неа ја немало ниту кај некои од роднините. Мртвото тело, дедото го пронашол околу 4 часот изутрината, кога влегол во шталата за да го пушти добитокот на паша.
Полицијата од Велес изврши увид. Според полициски извори причината за самоубиството на Емилија Андоновска била што таа повеќе од еден месец била под депресија. Нејзините соученици велат дека Емилија била одлична ученичка, но дека во последниот месец многу чудно се однесувала. (С.А.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари