ДУИ и корупцијата, приказни без крај

“Се е исто, само него го нема“

Дали борбата против корупција е селективна, во зависност од тоа од која страна на власта сте? Корупцијата на ДУИ беше предмет на таканаречените бомби, но сето тоа се забошоти. Нивните функционери градеа трикатни куќи дивоградби карши американската амбасада, па и тоа мораше да се заборави. Телеком веќе никој не го ни споменува. Работата не е од вчера, од секогаш е. За нивните функционери гонети за местење избори во Чаир никој не побара притвор. Се им е простено, сите пари и местења избори, само да дадат свој глас за парламентарното мнозинство. Еве еден репринт за коруптивните скандали на ДУИ објавен во Вечер на 29 јануари 2007. “Се је исто, само него го нема“.

Сопственикот на Ер Вардар, Алија Сабри, на челниците на ДУИ, на 13 октомври 2003 година им платил 250.000 евра во кеш, на име мито и корупција, за да добие дозвола за отворање авиокомпанија во Македонија.
Партијата ги земала парите, а дозвола за летање ЕР Вардар, до ден-денес, се уште ја нема.
Случајот е пријавен во МВР, каде што се води детална истрага, по која ќе има кривични пријави против лидерот на ДУИ Али Ахмети за посредување при коруптивни активности, како и против сите инволвирани лица во случајот, за примање мито и корупција, дознава Вечер од високи полициски извори.
Во писмената изјава до надлежните органи во земјава, сопственикот на ЕР Вардар, Сабри, наведува дека, иницијативата за отворање нова компанија, произлегла откако ДУИ дошле на власт, преку тогашниот министер за транспорт Миљаим Ајдини, потоа од УЦВП преку Илир Мехеди и на ЈПАУ, Фатмир Бесими.


Разговорите меѓу ДУИ и ЕР Вардар, според наведениот извор - изјава дадена во полиција, почнале со посредство на новинарот во АЛ Сат телевизија, Бедри Садику. Тој договорил средба во Тетово во седиштето во Мала Речица, на која присуствувале лидерот на партијата: Али Ахмети, Фатмир Бесими, Абдул Касами, Илир Мехмеди сите функционери во тогашната власт, Бедри Садику како посредник - и од страната на Ер Вардар, присуствувале: Беџет Салаху, Скендер Шабани и Сабри Алија.
Во текот на разговорите Ахмети дал поддршка, им дал инструкции на неговие партиски соработници во авиосообраќајот како да ја завршат работата, а Сабри му дал гаранција дека нема никаков проблем проектот да се реализира.
Но, за возврат треба да и исплати на партијата 250.000 евра, за наводно да реши некои должничко-доверителски односи со инвалидите од Воениот конфликт.
Па така, Ахмети им на претставниците на ЕР Вардар им наложил на 13 јуни 2003 година во седиштето на ДУИ кај Абдул Халил Касами до 14 часот да донесат 250.000 евра во кеш. Во спротивно ништо од договореното.
Претставникот на ЕР Вардар, Беџет Салиху, ги донел парите од Швајцарија, но со договорени два часа задоцнување. На аеродромот во Скопје тогашниот директор на ЈПАУ, Фатмир Бесими го организирал преминот на парите на службениот влез, по што Салиху требало да се упати во Тетово и лично да ги предаде парите во касата на ДУИ.

Но, новинарот на АЛ Сат и посредник во случајов Бедри Садику, инсистирал средствата да ги уплати Лејла Садику, ќерка на Беџет Салиху. Кога пристигнале во Тетово Абдул Касами кај благајникот на ДУИ и дозволил да влезе само на Лејла. Средствата биле предадени. Но, ЕР Вардар не добиле никаква потврда за уплатените средства, туку само ветување дека работата ќе се заврши за еден месец.


Но, поминал месец, а од договореното немало ниту траг. Претставниците на ЕР Вардар не можеле да стапат во контакт со раководството на ДУИ. Посредникот Бедри Садику, за кој контакт барал паричен надомест, за што само во 2003 година примил 20.000 евра.
Првите симптоми дека е изманиупулиран Сабри ги почувствувал кога спротивно на ветувањата на Ахмети, тогашниот директор на УЦВП, Илир Мехмеди, им рекол дека не можат да добијат дозвола за летање, без претходна дозвола на МАТ, како редовен авиопревозник. Но, тие, смета Сабри, договорот со МАТ го знаеле и кога му ги земале 250.000 евра.
За подоцна, од ЕР Вардар биле барани разноразни дополнители дозволи, нови и нови инвестиции се само ЕР Вардар да не добие дозвола за летање. По серија перипетии, мафтосување од врата на врата - и по три години од уплатата на парите на сметката на ДУИ, Ер Вардар се уште нема дозвола за летање.

По тригодишна агонија, Сабри констатирал дека бил изманипулиран и украден од  ДУИ, а со благослов на Ахмети.
За измамата, Сабри ги информирал сите надлежни институции во претходната власт, но одговор немало од никаде.
Главниот финансиер пак на ДУИ, Касами, при последната средба на Сабри му советувал, за незавршената работа да си ги бара парите назад.Така и сторил. Писмено му се обратил на Ахмети, но до ден-денешен нема ниту одговор од него, ниту дозвола за летање, ниту пак му се вратени 250.000 илјади кои завршиле во касата на ДУИ. (Л. Ѓ.)

Околу 150.000 евра, или 9 милиони денари отштета за искршени прозорци, Абдуљади Вејсели ќе треба да ги врати!

Лидерот на ПДП, Абдуљади Вејсели, 2006 со одлука на Основниот суд во Тетово, а потврдена од Апелациониот суд, добил 9 милиони денари обесштетување за искршени прозорци на мотел-ресторанот "Ата Комерц" во Тетово, во воениот конфликт во земјата.

Парите Вејсели ги подигнал. Но, Врховиот суд, минатата недела ја поништил ваквата одлука и донел решение, за враќање на постапката, бидејќи било констатирано дека исплатена е нереално материјално оштетување.
Неофицијално дознаваме дека и МВР располага со фото-документација на која јасно се гладало дека на ресторанот не му е нанесена толкава материјална штета, колку што му била исплатена на Вејсели. Па најверојатно, Вејсели ќе мора да и ги врати парите на државата.
Револтиран од ваквата одлука, братот на лидерот на ПДП, Абдуљади Вејсели, Насер Вејсели, минатиот петок, телефонски им се заканувал со физичка ликвидација на двајцата судии во Врховниот суд, Сафет Алиу и Сабит Кранли. Судиите случајот го пријавиле во МВР. Инспектори на МВР го посетиле Врховниот суд, земени им се изјави на Алиу и Кранли. МВР испратила телеграма во СВР Тетово, да се повика на разговор братот на Вејсели, по што против него, ќе биде поднесена и кривична пријава за казнување.

(Репринт: Објавено во Вечер, на 29/30 јануари 2007 година)

Поврзани

Најнови вести

Коментари