СДСМ: Времето на притисоци заврши со заминувањето на Груевски

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што државните институции повеќе не работат за интересите на Никола Груевски и неговите соработници, туку во служба на законите и граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес – конференцијата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, злоупотребата на институциите за партиски цели, нивната селективност во работењето и привилегираноста на одредени фирми и поединци беа одлика на 11 годинишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа време на селективност и притисоци врз приватниот сектор заврши со заминувањето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, сите државни институции вклучително и Управата за јавни приходи работат професионално, неселективно, професионални и независно, во интерес на граѓаните и во служба на законите. Времето на привилегираните и непочитувањето на законите на штета на граѓаните и фирмите заврши, Македонија станува правна држава во која законите важат за сите подеднакво“, се вели во партиското соопштение.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари