СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше Куманово

Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово, кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово, обвинија од СДСМ.

„Граѓаните на Куманово ги препознаваат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и реалните политики на локалната власт предводена од СДСМ. Само во првите сто дена од мандатот, локалната власт предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и СДСМ реализира над 40 инфраструктурни проекти со кои се подобрува животот на граѓаните на Куманово и преку кои се одржува континуитетот на одговорно раководење со општината.

За разлика од политиките на деструкции, блокади и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како на централно, така и на локално ниво продолжува со спроведување на мерките што го унапредуваат квалитетот на живот и се во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари