Започна поднесувањето кандидатски листи

СДСМ и ДУИ со заеднички кандидати на локални избори, фрчат оставки од министерски фотелји

На прашањето дали СДСМ ќа ја поддржи ДУИ во неколку општини, шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи рече дека сеуште не се финализирани разговорите помеѓу коалициските партнери. -Ќе видиме според околностите, меѓутоа, има позитивни сигнали дека ќе се оди со заеднички кандидати уште во првиот круг.

На два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатски листи за Локалните избори 2017, до општинските изборни комисии почнале да пристигнуваат независни кандидатури за градоначалници и листи на кандидати за советници од група избирачи, информираа вчера од Државната изборна комисија

Политичките партии се уште не поднеле кандидатури за градоначалници и листи за советници, изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.
Партиите веќе јавно ги соопштија поголем дел од кандидатите за градоначалници за претстојните избори закажани за 15 октомври.
Рокот за поднесување листи на кандидати до општинските изборни комисии завршува на 14 септември на полноќ.
Кампањата за локалните избори започнува на 25 септември и завршува на 13 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје во над 3.400 избирачки места. А градоначалничката функција по се изгледа е по атрактивна или подоходовна од министерската. По министерот за здравство Арбен Таравари, кој се кандидира за градоначалник на Гостивар, вчера и заменикот министер за образование Висар Ганиу, поднесе оставка од функцијата. И така по само 100 дена од министерување во заменичката фотелја, реши да се кандидира за градоначалник за општина Чаир. Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи вчера две недели пред почетокот на кампањата за локалните избори, информира дека за да се направи одвојување на партијата од државата, досегашниот заменик министер за образование, поднесе оставка на функцијата.

Вицепремиерот Османи изјави дека за да ги заврши полесно партиските обврски за изборите планира да земе годишен одмор.
- Овие избори се многу важни за ДУИ, затоа што локалната политичка застапеност е важна придобивка од процесот на децентрализација и е еден од темелите врз кои се заснова ДУИ.
На прашањето дали СДСМ ќа ја поддржи ДУИ во неколку општини, Османи рече дека сеуште не се финализирани разговорите помеѓу коалициските партнери.
-Ќе видиме според околностите, меѓутоа, има позитивни сигнали дека ќе се оди со заеднички кандидати уште во првиот круг.
Тој додаде дека постои позитивна клима помеѓу СДСМ и ДУИ за соработка за, како што рече, да ја вратиме земјата на евроатланскиот пат.
Инаку, она што е досега познато е дека актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски не ја доби поддршката од партиското раководство за нов четврти мандат. Социјал демократите на локалните избори во најголемата општина во Македонија власта ќе ја освојуваат со Максим Димитриевски, актуелен пратеник во Собранието.
Тој беше и поранешен советник во кумановскиот општински совет.
Димитривески неговиот избор за кандидат го потврди на својот фејсбук профил, посочувајќи дека ќе ја оправда укажаната доверба.
Против канидат на Димитриевски е хирургот Зоран Ѓоргиевски кои беше кандидат на ВМРО ДПМНЕ и на претходните избори во 2013 година.
Иако официјално СДСМ ги нема потврдено, сепак неопфицијално познати се уште две градоначалнички кандидатури.
СДСМ одлучи во Прилеп на Марјан Ристески од ВМРО ДПМНЕ да му се спротивстави со Илија Јованоски, директорот на градската болница.
Кандидат на СДСМ за Крива Паланка пак ќе биде Борјанчо Мицевски. Во оваа општина ВМРО ДПМНЕ се уште не го официјализирала името на својот градоначалнички кадидат.
Горан Трајковски, советник во општина Делчево, најверојтно е кандидатот на СДСМ за оваа општина.
До крајниот рок за поднесување кандидатури им а уште три дена. Засега најголема неизвеснот се имињата за општина Центар, каде Андреј Жерновски ги собра потписите за независна кандидатура, но се уште не ја официјализирал, очекувајќи ја поддршката од СДСМ.
Непознатѕи остануваат и најголемј дел од имињата на канидати за скопските општини од ВМРО ДПМНЕ. Покрај официјализираните Ивица Коневски за Аеродром и Владо Мисајловски за Ѓорче Петров, неофицијално во трката за локалната власт во Карпош ќе влезе Стевчо Јакимовски, во Бител Боби Бојчевски, Гази Баба Тони Трајковски.
Кај албанскиоит политички блок пак, покрај официјалнмите кандидатури на Зијдадин Села за Струга и Абрен Таравари за Гостивар, трите албански партии во Кичево најверојатно ќе го поддржат Фатмир Дехари од ДУИ.
ДУИ во Тетово повторно ќе ја кандидира Теута Арифи, во Гостивар Невзат Бејта . Движење Беса во Тетово ќе оди со Билал Касами, во Чаир со Зеќирја Ибрахими.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари