СДСМ го уценува Ахмети, велат од Тирана!

Се знае дека има преговори, но од друга страна од кога сме излегле на политичката сцена сме зборувале со овој јазик. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме да ни испрати предлог Заев или Груевски. Но предлогот ќе го направиме самите и ќе ги уцениме тие да го поддржат

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не праќал писмена гаранција до ДУИ, па ниту овој пат, дециден е Антонио Милошоски, иако извори од ДУИ деновиве тврдат дека од ВМРО-ДПМНЕ добиле писмена понуда во преговорите за составување нова влада.
Милошоски вели дека овие две партии се долго во коалација и секогаш се почитувал дадениот збор, затоа немало потреба од документи.Тој воедно ја отфли како неточна информацијата дека со ДУИ преговарале и по истекот на мандатот за состав на влада, но не ја отфрли можноста за идни преговори.
Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сугерираат дека без нив во власта ќе има криза во Македонија. Затоа што, според Милишоски близу половина милион нивни гласачи очекуваат партијата да ги претставува. Тој додава дека ДУИ, не стоел на зборот од 2007 година кога таа партија бараше, како што рече, почитување на принципот Влада да формира -победник со победник.
Милошоски тврди дека камен на сопнување во преговорите со ДУИ не било прашањето за СЈО, туку било барањето на ДУИ за воведување на двојзичност на цела територија на Македонија, што за ВМРО-ДПМНЕ е не прифатливо.
Во исто време, отворен фронт на јавна сцена се води меѓу функционерите на ДУИ поделени во два табора, во зависност дали се за влада со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ. Ова навестува уште една жестока дебата на Централното претседателство на кое интегративците ќе треба да одлучат дали пакетот за влада понуден од лидерот на СДСМ Зоран Заев е прифатлив.
Функционерите веќе не можат да ја скријат длабоката поделба во партијата, меѓусебно се обвинуваат и ако таа не е однапред договорено сценарио за избори, можен е целосен распад на ДУИ.
И додека потпретседателската тројка Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити јавно навива за влада со СДСМ, другото крило блиско до лидерот Али Ахмети преферира влада со ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволството во партијата расте откако преговарачката тројка на ДУИ со СДСМ договорила пакет за влада без целосно официјализирање на албанскиот јазик на целата територија.
Пратеникот и носител на листата на Втората изборна единица Ејуп Алими по средбата на потпретседателската тројка со претставниците на Движењето за реформи на ДПА, преку „Фејсбук" им порача на Арифи, Бејта и Меџити да се вратат во градоначалничките канцеларии наместо да шетаат по партиски штабови ако во преговорите со СДСМ не успеале да обезбедат целосна еднаквост на Албанците.


- Без целосна еднаквост, консензуално одлучување на двата мнозински ентитета во државава не може да има влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ. Може да се повтори белгиското сценарио и земјата да нема влада две или три години. Градоначалниците треба да се вратат во своите канцеларии и да го работат она за што се избрани."- напиша Алими на Фејсбук.


Зијадин Села од Алијанса за Албанците најави дека ќе даде дополнителни услови и ќе го уцени СДСМ.
-Се знае дека има преговори, но од друга страна од кога сме излегле на политичката сцена сме зборувале со овој јазик. За нашите прашања, за нашиот јазик нема да чекаме да ни испрати предлог Заев или Груевски. Но предлогот ќе го направиме самите и ќе ги уцениме тие да го поддржат, истакна Села.
Понудата и најавата на Зоран Заев и СДСМ дека ќе го менуваат уставот, ќе го укинат рамковниот договор и ќе обезбедат двојазичност во цела Македонија и кантонизација преку поголеми овластувања на општините и нивно етничко здружување, албанските партии во Македонија го препознаа како шанса за реализација на својот национализам и укинување на унитарноста и македонскиот карактер на македонската држава, која сега сакаат да ја искористат.


-Ние ги понудивме нашите потписи, тоа не значи Влада по секоја цена. Потоа треба да влеземе и да го предадеме Законот. Прво да се гласа Законот за албански јазик и треба да оди албанскиот јазик, а потоа назад можеме да дискутираме и за други прашања, додава Села.

Најпаметно решение е да се организираат нови избори

Најпаметно решение е да се договорат партиите и да се организираат нови избори, смета аналитичарот Владимир Божиновски.
Според него, на овој начин не би се трошеле дополнителни средства од буџетот и парламентарните избори би се спровеле заедно со локалните, на пролет.

-Мислам дека тоа е единственото решение кое ќе придонесе да се намалат тензиите, а по изборите новата Влада да може да се посвети на решавање на актуелните политички прашања, како што е исполнување на она што беше договорено во изминатите две години, изјави Божиновски.

Според него, доколку во Македонија се спроведат нови избори статистички е невозможно да се повтори истиот резултат. Божиновски додава дека кој и да собере потписи, ќе направи нестабилна Влада.

Поврзани

Најнови вести

Коментари