Заев доставил и на писмено

СДСМ до ДУИ: Прифаќаме двојазичност на цела територија!

На адресата на ДУИ во Мала Речица денес пристигнала пратка од Бихаќка, во која како што пренесува 24вести би требало да биде содржан целиот пакет на барања кои Ахмети и ДУИ ги бараа од СДСМ, јави порталот Инфомакс. 

Според ДУИ, засега потврдуваат дека Заев удрил параф на предлог за употребата на јазиците, односно двојазичноста, со што де факто, Заев веќе и формално прифатил спроведување на двојазичност на целата територија на Р.Македонија. Од Мала Речица додаваат и дека ќе треба време за да се утврди дали се исполнети сите барања кои биле побарани од СДСМ.

Преговарачките тимови делегирани од Ахмети пак, велат дека сеуште е рано да се донесе конечна одлука и велат дека нема потреба од брзање. На оние пак како Бејта, кои се залагаат за коалиција со СДСМ очигледно им се брза.

За разлика од него, лидерот на ДУИ повторува дека на ДУИ не и се брза со одлуката. Токму тоа му го кажал на францускиот амбасадор.
„Ахмети го запозна Амбасадорот на Франција дека ние не се брзаме, но сакаме да се осигуриме дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како Монструм, Сопот, Куманово, и прислушкувањата."

Поврзани

Најнови вести

Коментари