Русиja спрема "Тиранска платформа" во Естонија?

Русите во Естонија можат само да сонуваат за правата што ги имаат Албанците во Македонија

-За правата кои албанското малцинство ги има во Македонија, а се добиени со помош на Европската Унија, Русите во Летонија и Естонија можат само да сонуваат, изјави рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов.

Тој вели дека интервенциите на Европската Унија во некои земји понекогаш директно влијаат во внатрешните политички процеси, но на крајот резултатите можат да бидат и спротивни на намерите.

Чижов ова го илустрира со политичката криза во Македонија каде ЕУ се обидува да интервенира. "Тие, всушност, сакаат да наметнат еден рецепт, кој од руска гледна точка, а и од моја лично, значи само можно продлабочување на кризата и евентуална поделба на земјата", изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ.

-Приказната се протега доволно долго. Кога во канцеларијата на Федерика Могерини беше Хавиер Солана, беше измислен т.н. Охридски договор, со кој се утврдија правата на албанското малцинство, со 20 отсто од населението, се доби правото на службен јазик. За овие права руските малцинства во Летонија и Естонија можат само да сонуваат. Јас тогаш го прашав г-динот Солана дали овој принцип ќе биде универзален, на пример дали ќе важи и за балтичките земји. Тој почна да објаснува дека универзалната примена на овој принцип тешко ќе одговара на спецификите во балтичките земји. Во Летонија живеат помалку од два милиони луѓе, од кои околу 40 отсто се од руско говорно подрачје. Рускиот јазик во оваа земја има статус на странски јазик, а само еден јазик е официјален, летонскиот. Многу жители во оваа држава, поранешни граѓани на СССР и нивните потомци денес не се државјани на земјата во која живеат, ниту пак се државјани на некоја друга држава, а сите тие зборуваат руски, рече Чижов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари