Ноќи под отворено небо наспроти Собранието на Р.Македонија

Родителите на децата со попреченост бараат да биде чуен нивниот глас

Родителите се едногласни дека потребата од квалитетна терапија и испитувања, стручен кадар кој ќе им помогне во грижата за нивните деца, како и сместувањето за повозрасната категорија на деца со посебни потреби, се само дел од проблемите кои не се соодветно решени. Нивните барања се класифицирани во, како што велат, две групи. Според нив, првите би мо'еле да бидат исполнети за шест месеци, а за другите се потребни три години

Родителите од Здружението „Сплотени срца" пред неколку дена најавија дека секој месец од 20 до 22 ќе организираат собир за да им порачаат на пратениците дека, како што велат, и тие се овде и дека заслужуваат да бидат остварени нивните права. Тие во четвртокот вечерта ја минаа првата ноќ под отворено небо карши Собранието на Р.Македонија каде поставија шатори, со овој чин тие сметаат дека ќе бидат видени и забележани и дека ќе бидат усвоени нивните барања кои се упатени кон институциите на државата.

„Очекуваме да бидеме видени, од тие што треба да бидеме видени и конечно да не биде само на хартија ставено како програма на политичките програми, туку нашите барања да станат реалност", изјави мајка на едно од децата.

Друга мајка пак изјави дека се овде за да биде чуен нивниот глас за нивните барања кои според нив е основан и заслужен.

Од здружението Сплотени срца посакуваат пратениците во Собранието да бидат обединети околу нивниот проблем и што е можно поскоро да им помогнат за исполнување на барањата.
Потребно е реално да се согледат потребите на децата со попреченост и нивните семејства. Компромисите што секојдневно ги правиме, жртвите што ги поднесуваме, кариерите што моравме да ги напуштиме, блиските од кои моравме да се изолираме.., навистина не постои сума што може да го надомести ова. Единствениот надомест што го очекуваме е доброто здравје, среќата и насмевките на нашите деца. Но, реалноста е дека и покрај сите жртвувања и компромиси, патот по кој чекориме е тежок и чини многу повеќе од надоместот кој ни го овозможува државата. Она што дополнително не револтира е градацијата на доделените средства на родител, родител-згрижувач, институција-специјализиран центар. Во однос на тоа, висината на средствата е обратнопропорционална со грижата која децата ја добиваат. Ова е една неправда која бараме да биде исправена, а ситуацијата реално согледана. Неприфатливо е висината на посебен додаток, која ја прима родителот на детето, да биде 6,5 пати пониска од онаа која на специјалните центри им е додедена за декое дете поединечно, се вели во едно од барањата на здружението „Сплотени срца" .

Родителите се едногласни дека потребата од квалитетна терапија и испитувања, стручен кадар кој ќе им помогне во грижата за нивните деца, како и сместувањето за повозрасната категорија на деца со посебни потреби, се само дел од проблемите кои не се соодветно решени. Нивните барања се класифицирани во, како што велат, две групи. Според нив, првите би можеле да бидат исполнети за шест месеци, а за другите се потребни три години.

На собирот ги посети и министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими кој им вети поддршка и помош. Во изјава за Вечер тој вели дека поголемиот дел од барањата на родителите на децата со попреченост се изводливи и прифатливи, но сепак за подетелни информации за барањата ќе се знае по средбата на министерот и родителите од Здружението „Сплотени срца" која треба да се оддржи најверојатно после 1ви мај.

Родителите споделија и дека лани, еден ден пред изборниот молк своите барања ги испратиле до сите политички партии, за да им помогнат во решавањето на нивните горливи проблеми. Најавуваат дека ваков собир како оној кој го почнаа вчера , а ќе трае до сабота, ќе организираат секој месец се' додека надлежните не им ги исполнат барањата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари