Редок туристички простотилак во Охрид: Го уби лебедот за да се слика со него

Група туристи од соседството се во посета на Охрид. И тоа, ќе се сложите, е добро за туризмот, за економијата, за градот, за промоцијата на земјава... Но, не е добро кога неартикулирани примитивци ја сочинуваат таа туристичка група. Не само што не е добро, туку е и опасно.

фото: Н. Батев

Овојпат опасно беше за лебедите во езерото. Оваа жена на фотографијата, која дошла да ужива во убавините на Охрид и езерото, влезе во студената вода и најбрутално ја извлече кутрата птица од водата за да се фотографира со неа.

фото: Н. Батев

И еве ја, пред таа гордо да ја објави фотката со лебедот на сите социјални мрежи, пред да собере стотици срценца и лајкови, ја објавуваме фотографијата на нашиот фоторепортер за да собере илјадници срамови.

фото: Н. Батев

 

Вакви туристи не ни требаат ниту за градот, ниту за економијата, ниту за живиот свет во езерото.

Поврзани

Најнови вести

Коментари