Работна група од СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ

Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните.Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме, изјави Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој изјави дека за СДСМ е прифатливо се што е во рамките на Уставот, додаде дека лично не го видел документот, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот.

„За СДСМ е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните.Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме" изјави Заев.

Според него со вака широко доставени рамки не се знае кога ќе донесат одлуките.

„За да не трпи бизнисот и економијата формирањето на влада до сега требаше да се заврши. СДСМ не сака да губи време и настојува да се најде прагматично решение бидејќи роковите се пробиваат", изјави Заев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари