Зборови што го менуваат светот

Путин во Скопје!

"Многу политичари и експерти кои мислат објективно, јавно признаваат дека да се слушнаа во Вашингтон и Брисел прогнози и предупредувања на Владимир Путин од Безбедносната конференција во Минхен што се одржа во февруари 2007 година, светот ќе беше поинаков-помирен, постабилен и попросперитетен", рече амбасадорот на Руската федерација во Македонија Олег Шчербaк, на промоцијата на книгата "Зборови што го менуваат светот" во Скопје

Кога во една пригода го прашале светскиот лидер, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, кој ја води земјата додека тој спие, тој во духовит стил одговорил "Премиерот Медведев и јас спиеме на смени. Се е под контрола, не мора да се грижите".

Но Владимир Путин, со целосна сериозност и убедливост ќе порача дека "Нема, ниту ќе има сила која може да го пороби рускиот народ" во говорот од "Црвениот плоштад" во Москва на 9 мај 2017 година.

Можеби токму овие зборови не го сменија светот, но најзначајните говори на човекот што го смени светот, сега ќе можат да бидат прочитани и на македонски јазик во книгата "Зборови што го менуваат светот" издание на "Ѓурѓа".

- Во книгата се собрани 19 статии и говори, почнувајќи со обраќањето на Путин на Генералното собрание на ОН во 2003 година и заврувајќи со говорот на јубилејното 70. генерално собрание на ОН во септември 2015 година. Во нијансирани тонови, воведот навлегува во евентуалната моќ на Путин да предвиди, укажувајќи "Ова се зборовите што ги предвидоа и предодредија промените во глобалниот политички систем, посочи меѓудругото промоторот на книгата Емилија Гелева.

Според амбасадорот на Руската федерација во Македонија, Олег Шчербaк, Русија е една од малиот број земји кои цврсто го бранат принципот на националниот суверенитет и не на зборови туку, на дело спроведуваат независна надворена и внатрешна политика.

"Русија застапена од нејзиниот претседател, на светот му предлага поправедни, пофер и повизионерскии одлуки отколку тие предложени од западниот политички врв. Многу политичари и експерти кои мислат објективно, јавно признаваат дека се слушнаа во Вашингтон и Брисел прогнози и предупредувања на Владимир Путин од Безбедносната конференција во Минхен што се одржа во февруари 2007 година, светот ќе беше поинаков-помирен, постабилен и попросперитетен", истакна амбасадорот Шчербак, на промоцијата.

Тој исто така, во контекст на промоцијата, додаде и дека вештината трезвено да се процени сегашноста и да се согледа иднината, да се има храброст да се говори чесно и отворено, да се излезе од рамките на деструктивниот мејстрим, а да се предложат позитивна агенда и избалансирани решенија е многу ретка особина кај денешните политичари.

Со оглед дека зборникот се однесува и на прашањата поврзани со односите меѓу јавноста и власта, националниот идентитет и миграциските проблеми, модернизирањето на економијата и развојот на демократијата, како и на зачувувањето на суверенитетот и независноста..., Шчербак е убеден дека книгата ќе биде интересна и за македонските читатели.

Книгата, во присуство на голем број на личности од јавниот, политичкиот живот и дипломатскиот кор, беше промовирана вчера во Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари