ПРОТЕСТ ПРЕД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА

Иванов не го прими барањето за одземање на мандатот на Заев

Дваесетина членови на здружението на граѓани „Преродба", Семакедонскиот национален совет „Македониум", МПЗ „Тврдокорни", Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат" – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет денеска одржаа мирент протестен марш од пред канцеларијата на ЕУ, преку „Водњанска" до вилата на Водно на претседателот Ѓорге Иванов.

Тие рекоа дека со овој протест сакаат да се чуе гласот на македонскиот народ затоа што, според нив, Македонија била нападната од сите страни – прво со тиранската платформа, па со договорот со Бугарија.

Тие сакаа да му остават писмено барање на претседателот Ѓорге Иванов за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев,  затоа што, како што велат, премиерот работи против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата. Но, пред Вила Водно добија известување од обезбедувањето дека тој си заминал. Присутните, поради ваквиот чин, го прогласија Иванов за кукавица.

Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет „Македониум", рече дека протестите ќе продолжат и дека повторно ќе се обидат да му ги достават барањата на Иванов.

 - Не ме интересира Зоран Заев, не ме интересира Никола Груевски. Мене ме интересира борбата за македонската кауза, за Македонија и за македонскиот народ. Ништо повеќе, ништо помалку, рече Олумчев. 

Фото: Ѕ. Плавевски 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари