Општина Прилеп

Промоција на Почетната студија за домување на Роми

Во рамки на проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој", во општина Прилеп беше промовирана „Почетна студија за домувањето на Ромите во Општина Прилеп" во организација на Хабитат Македонија и РОМА C.O.C.

„Овде сме да ја промовираме оваа почетна студија за домување на Ромите во Општина Прилеп кој што е финансиран од ЕУ, а го имплементира Хабитат Македонија. Целта на почетната студија е утврдување на состојбите во домувањето и урбанизацијата во ромската населба во општината Прилеп, посочи Александра Савевска координатор на проектот.

За подготовка на оваа Студија била спроведена теренска анкета со која биле опфатени повеќе домаќинства од ромската населба Тризла, а прашањата во анкетата биле поврзани со состојбите во домот и локалната средина во која живее ромската популација. Несиме Салиоска од Здружението „Рома С.О.С" истакна дека на денешната студија ќе бидат посочени повеќето идентификувани проблеми како што се: легализацијата, домовите изградени во повисоките карпести делови се соочуваат со влага, областа „Дабничка" дека се соочува со поголеми пречки во однос на приклучокот до електричната мрежа, проблемите со уличното осветлување... и други воочени проблеми и начинот на нивното надминување, посочи Несиме Салиоска од Здружението „Рома С.О.С".

Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и ја посочи одличната соработка на локалната самоуправа со Хабитат Македонија истакнувајќи го проектот за легализацијата на дивоизградени објекти особено во ромската населба Тризла, ги посочи големиот број на инвестиции во образованието, инфраструктурата, канализацијата, тротоари, нова спортска сала, терени со вештачка трева, реконструкција на ОУ „Добре Јованоски", инвестиции во градинката „Тризла", како и многу други реализирани проекти.

Проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој" е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Хабитат Македонија во соработка со граѓанските организации РОМА С.О.С од Прилеп, Черења од Штип и Сумнал од Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари