Променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег

Изутринава во Македонија преовладува променливо облачно време на планините и на некои повисоки места има слаби врнежи од локален снег. Дува умерен а наместа и засилен ветер претежно од северозападен правец, во струмичкото подрачје брзината на ветерот достигнува до околу 60 км/час.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време, со слаби поврнувања од дожд и снег. Попладне облачноста ќе се намалува а ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен до силен ветер ветер од северозападен правец, долж Повардарието и во западните делови на земјава повремено ќе се засилува.

Максималната температура ќе достигне во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје протежно облачно, попладне и во вечерните часови ќе има намалување на облачноста. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура до 7 степени.

В среда и в четвток во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари