Кој е Енвер Малиќи, новиот заменик на скопскиот градоначалник

Продава виски и цигари и станува заменик на Шилегов

Со куса информација јавноста е известена дека заменик на скопскиот градоначалник Петре Шиелгов е - Енвер Малиќи. Кон ова објавена е уште само една реченица, дека е советник од ДУИ и сопственик на компанијата Гемак Трејд. Многу малку информации за човек кој ќе биде заменик на скопскиот градоначалник и ќе управува со главниот град во државава, како и со градскиот буџет.

Од каде богат човек, и тоа значително богат како Енвер Малиќи во политиката, и тоа локална како советник, а отсега и заменик на градоначалникот Петре Шилегов? Кој е неговиот интерес да ја запушти работата во својата моќна компанија позната по тоа што се разви во времето на црната транзиција и фри шоповите, по трговија со технички производи, виски, вотка и цигари во Македонија и на Косово, и да седне во бараките на град Скопје за да тера политика.

Ако ја погледнете личната карта на неговата фирма Гемак трејд ќе го видите следното:

Управител- Енвер Малиќи
Извршен директор – Алтин Малиќи
Генерален директор- Самир Малиќи

Гемак Трејд е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година. Започнува со трговија, увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, како и акцизни производи вклучувајќи и duty free (фри шопови) бизнис во периодот од 1991 до 1994. Во тоа време Гемак отвара и продажна мрежа на престижни продавници низ Скопје.Со затворањето на DFS во 1994, Гемак се реорганизира во дистрибутерска куќа фокусирана на домашниот пазар, за производите од реномирани од познати светски фирми кои самостојно ги увезува. Во 1997 се здобива со ексклузивитет за увоз и дистрибуција на истите, и со нив и денес успешно работи. Гемак во 2001 отвара својa сестринска фирма и во Приштина. Гекос, претставништвото на Гемак на Косово, се занимава со дистрибуција на истите брендови кои се дистрибуирани во Македонија.

Различните дејности на компанијата се ивршуваат во неколкуте сектори- за пијалоци, за тутунски производи, за мобилна телефонија, останати производи за угостителство, градежништво и логистика со администрација. Ваквата организациона структура најмногу и најефикасно може да ги постигне целите на компанијата. Меѓутоа, вистинската вредност на фирмата, е тимскиот дух кој го имаат сите вработени кои се горди на начинот на кој функционираат и на својот мултиетнички состав.

Помеѓу останатото Гемак Трејд се јавува и како сопственик на Хотел спа Парк зад градскиот стадион, на локацијата позната како Кинески ѕид, каде се инвестирани 15 милиони евра.

Тоа е личната карта на фирмата Гемак Трејд. Од оваа рефернца треба да разбереме зошто некој со ваков и волкав бизнис би се нафатил да му биде заменик на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари