ПОНЕДЕЛНИЧКИ

Прочка

Бев во саботата на концертот на Слаткар, Тони Зен... со слични на мене, но и пар илјади копиљаци, најчесто помлади од матура. Лепота.

Нема поделени по тоа кој за кои партии гласал, нема приватизации и стечаи во нивните лица, нема кои се наши и кои се ваши... само чиста лепота.

И си мислам ќе успееме ли на таа лепота да и го видиме, час поскоро, крајот. Онака, душмански, да ја одземеме од своите деца и да ја ставиме во своја функција. Да ги поделиме по тоа кој за кои партии ќе гласа во иднина, да ги поделиме на наши и ваши во секој случај. Било по тоа во која црква одат, на кој господ му се молат, по презимињата на нивните дедовци, функциите на нивните татковци, или по историјата на нивните фамили...

Да ги поделиме, отруеме и пуштиме низ улица сопствените деца. Затоа што тоа им треба на шефовите на партии, им треба на оџите и поповите, амбасадорите, им треба на историчарите, соросоидите, музичарите, шефовите на навивачките групи. Да ја сјебеме лепотата на сопствените деца, со време.

Така е тоа, овде на Балканите. Не затоа што овдека се раѓа ретардиран свет. Не, се раѓаат исти како во Швајцарија, Холандија или Германија. Но, ако ги погледнете замоците, дворските галерии, балските сали, музеите... во Германија, Шведска, Англија или Холандија, ќе видите дека, барем пола од тоа богатство, е искрадено низ војни и освојувања, на се што е источно од нив.

Тие се обединувале, школувале и создавале солидарни општества и демократии. Овде рушеле, не поттикнувале на делби и кланици меѓу себе и носеле се што може да се однесе кај нив. Нашите држави, после се, денес се мали, сиромашни, со поделени и раскарани граѓани по сите основи.

Нивните, за тоа време, од мали држави, се обединиле во големи и моќни. Италија и Германија се збир на мали покраини и градови-држави, кои се обединиле во силни нации, пред само двеста години.

Груевски, по пет децении сивило и сон, реши да гради јавни објекти во Скопје. Во Англија, Германија, Холандија или Швајцарија би го славеле како што ги слават нивните градители. Но, овде не.

Холандсаката амбасада пушта свој вработен, шеф на невладина (амбасадорска) организација Разбуди се", да протестира против изградбата на Скопје. Јавно. И да бара џамија на плоштад, иако граѓаните на Центар не сакаат да гласаат за таа џамија. Тие не сакаат, ама од друга општина ги тераат на сила.

Истиот лик, вработен во холандската амбасада, случајно предводеше и протести против Македонската енциклопедија. Холандската амбасадорка со прст не мрдна. Таа не повикува на акции да возиме точаци. Додека нејзините вработени ни укинуваат енциклопедии и ни градат џамии против наша волја.

Дали во Холнадија за политички прашања предводат протести вработените во американската амбасада, на пример.

Знаат ли нашите деца што ги делат на оние за и против цркви. За и против џамии дека во Швајцарија речиси нема џамии. Не затоа што нема муслимани. Има. Туку затоа што таму полицијата не дава пеење на оџите преку звучник. Им сметало, бидејќи тогаш одморале. Дека Берлин го прави истото. Дека во Франција не дозволуваат во школи да одат забулени ученички.
Ние сакаме и нашите деца да бидат паметни и учени како оние во Франција, Англија, Германија, Швајцарија, Холандија... ама не им даваат.

Нашите деца немаат Македонска енциклопедија. Ако Груевски попушти, нашите деца нема да имаат ни плоштад со јавни објекти, туку по старо. Со пластични ВЦ-кабини, бетонска ледина како Тирана, од времето на Енвер Хоџа.

Така е тоа, овде на Балканите.
Тие ги слават освојувачот Наполеон, деспотот Бизмарк или архитектот Гауди, кој без диплома за струката, ја унаказил Барселона - според неговите тогашни колеги, но ја прославил според сите други... не тераат ние да ги славиме командантите на УЧК и нивниот Скендербег, а тие го слават Моцарт.

Од силните споменици на командантите на УЧК, што ги има низ цела Македонија, заклучно на влезот на државниот универзитет во Тетово (секако, без дозвола)... од тие силни споменици нашите деца не ни знаат многу за Моцарт. Веруваат дека човекот е автор на музиката за телефоните нокија, дека има фабрики за чоколадни кугли и серија кладионици низ Балканот.
Затоа Исус не се родил тука. Овде не може да се најдат дванаесет умни, што лојално ќе го следат. И не може да се најде девица, на возраст на Марија Магдалена. Од сите следбеници еден е наш. Јуда имаме. Мултиплициран.

Ги гледам Мендух Тачи и Бранко додека се трудат, откако не сјебаа нас, да ги искараат и нашите деца. Да ги изнесат на плоштад, да протестираат и да бараат Скопје да не се гради. Да остане како Тирана од времето на Енвер Хоџа.

За Тачи нема надеж. Но, Бранко треба да знае дека е лесно да смениш нечие мислење. Тешко е да го натераш да го прифати твоето. Тоа е нешто друго.

Денови на Прочка се. Еве, јас ќе им простам на хомосексулаците и нивните симпатизери. Ќе ја повлечам тужбата против малиот Славчо. Млад е, и веројатно не е свесен што застапува. Му посакувам девојка во која ќе се заљуби, која ќе му објасни се.

Денови на прочка се.
Да им простам на сите што згрешиле. И да го побарам истото од вас.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Поврзани

Најнови вести

Коментари