НАСА : НА Двеста километри северно од Скопје, Земјата има најдобра комуникација со космосот

Преку Ниш најблиску до вселената!

Според полутајно објавена скица, на овој простор од југоистокот од Србија, во пречник од 40 километри се наоѓа единственото место на Земјината топка, чии бранови во најголем интензитет влијаат во лекувањето на луѓето кои имале, на пример, сообраќајна несреќа, па не можат повторно да седнат зад управувач, преживеале развод па сега имаат големи проблеми со социјализацијата, некој преживеал напад со нож па сега се плаши да излезе на улица...Широк поим на тие стекнати емоции.

Тоа парче нишка земја, како што тврдат, е дел од космичката инка што претставува патека каде што брановите сто пати побрзо патуваат од Земјината топка до космосот.

Како претходница на овој тим, во Ниш, овие денови, по 15 години дојде Ѓорѓе Шпириќ Фраксон, научник истражувач на паранормални појави кој е и иницијатор на истражувањето.

Скицата по која утврдив дека токму на ова место се наоѓа космичката врата потекнува од НАСА, која до овој заклучок дошла по истражувања. Целта на истражувањата е да се пронајде најидеално место на Земјата каде што се лечат разни ментални заболувања, како што се разни фобии како последици од разни стресови и слични појави, раскажува тој за Курир.рс.

Шпириќ, како што појаснува, по скицата на НАСА ќе покрене тимско истражување во градот и околината каде што би требало да пронајдат парче ниска земја "каде што планетата има најбрза, најфлексибилна бранова комуникација со космосот, а како што вели, претставува најделотворно место за лечење фобии и слични заболување.

Фраксон, вели дека бил шокиран кога како дел од тимот на една студиска група слушнал дека инката оди директно од Србија, односно од Ниш и околината.

- Според таа полутајно објавена скица, на овој простор од југоистокот од Србија, во пречник од 40 километри се наоѓа единственото место на Земјината топка, чии бранови во најголем интензитет влијаат во лекувањето на луѓето кои имале, на пример, сообраќајна несреќа, па не можат повторно да седнат зад управувач, преживеале развод па сега имаат големи проблеми со социјализацијата, некој преживеал напад со нож па сега се плаши да излезе на улица...Широк поим на тие стекнати емоции.

Во секој случај, дали на просторот на Ниш и околината се наоѓа едно или повеќе места, ќе докажат истражувањата каде што земјата има најдобра комуникација со космосот, изјавил Шпириќ.

Тој додава дека се уште се истражува каков вид бранови влијаат на менталните заболувања.

- Се надевам дека после подолги истражувања ќе можеме да бидеме малку попрецизни како и на кој начин оваа средина делува среќно на луѓето. Овие истражувања немаат никаква врска со гатачки, вражалки и слични појави туку се базираат на истражувањата на големиот Никола Тесла, кои исто така имал свои теории за постоењето на едно такво место.

Искрено, кога ја видов скицата и сфатив дека во прашање е Ниш, се сетив дека кога имав најголеми успеси во терапиите така што веднаш решив да дојдам овде и нема пари кои би ме спречиле. За доаѓање во Ниш имав поддршка од неколку научни истражувачи, а најмногу ми значат зборовите на професорот Кен Баклан, кој го испитува влијанието на магнетите, раскажува Шпириќ за Курир.рс.

За таканаречената "космичка инка", вели Шпириќ, малку се знае во јавноста.

- Не ми е пријатно ако некој рече дека јас од ова истражување имам корист бидејќи јас тука не гледам пари. Јас живеам удобно во Австралија, работам терапија и не ми е треба себеси да се изложувам на какви било егзистенционални ризици, но ова е толку интригантно што морав да седнам во авион и веднаш да дојдам во Ниш за да почнам да истражувам.

Шпириќ додаде дека идната недела ќе дојде еден американски истражувач за да почне со мерењата.

- Во многу работи не се разбирам, но знам кој знае, така што еден по еден ќе доаѓаат во Ниш, од земјата и странство, за да ги испитуваат земјата, магнетниот електрицитет, електромагнетните бранови и се друго што е потребно како би докажале дека токму на ова парче нишка земја се наоѓа место каде што брановите "беснеат" во однос на другите делови на Земјината топка.

Сигурно, за заклучоците ќе ги известам и Владата на Србија, бидејќи ова не е мој приватен проект туку национална работа, напомнува овој роден сараевчанец.

Поврзани

Најнови вести

Коментари