Провокација за наголемиот христијански празник

Православомразецот Карл Билд за Велигден доаѓа да му помага на Заев

За сега нема никаква агенда со кој ќе се сретне Билд и која е неговата мисија. Но, она што експертската јавност го претпоставува е дека тој ќе се обиде да и помогне на опозициската СДСМ која се наоѓа во ќорсокак во обидот да го избере албанецот Талат Џафери и платформата од Тирана да ја имплементира во наредна влада. Дали со неговото доаѓање ќе донесе нова дестабилизација, останува да видиме.

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд на својот Твитер профил најави дека денес доаѓа во неофицијална посета на Македонија.

-На турнеја за кризата во Скопје утре. И потоа во Белград. Секогаш Балканот. – напиша контроверзниот политичар. Утринава, тој постави и фотографија од авионот со кој доаѓа.

Тој додаде дека не и се гледа крајот на уставната криза во Скопје. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки и ситуацијата е тешка.

Билд е познат по своите анти-православни славови исполнети со потценувањето и омразата кон луѓето од Балканот и источна Европа.

-Православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и поради тоа претставува најголема опасност за западната цивилизација – изјави пред 2 години контроверзниот политичар, во негов коментар за случувањата во Украина.

Ваквата негова изјава беше осудена од многу политичари кои доаѓаат од православни земји, а медиумите во соседна Србија на насловна страна го пренесоа со квалификацијата „Фашист".
Тој доаѓа во својство на копрецедател на Европскиот совет за надворешни односи.

Билд е познат по тоа што сака да се меша во внатрешните работи на суверени земји и е креатор на многу политички и безбедносни дестабилизации на Балканот, особено во периодот кога беше висок претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина и специјален пратеник за Балканот на Обединетите Нации.

Шведскиот политичар во неколку наврати изразуваше поддрша за опозицискиската СДСМ, која ја подржува уште од почетокот на политичката криза во земјава.

-Владејачката македонска партија си игра со оган во регион кој станува се понестабилен – вака контроверзниот Швеѓанец ги оцени протестите на иницијативата За Заедничка Македонија кои се насочени против обидот Македонија да се претвори во бинационална држава во која ќе се имплементира Тиранската платформа.

На ова му возврати Јанез Јанша, поранешниот словенечки премиер и министер за надворешни работи кој денес котира високо во Европслата Народна Партија.

-Не Карл. Твоите пријатели го предизвикаа овој оган кога помогнаа да се уништи стабилна, проевропска, конзервативна Влада – му плесна во лице Јанша на Билд на 9ти март годинава.

За сега нема никаква агенда со кој ќе се сретне Билд и која е неговата мисија. Но, она што експертската јавност го претпоставува е дека тој ќе се обиде да и помогне на опозициската СДСМ која се наоѓа во ќорсокак во обидот да го избере албанецот Талат Џафери и платформата од Тирана да ја имплементира во наредна влада. Дали со неговото доаѓање ќе донесе нова дестабилизација, останува да видиме.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари