Пратениците ќе гласаат за потребата од носење на Законот за употреба на јазиците

Пратениците денеска треба да се изјаснат за потребата од носење на законот за употреба на јазиците. Во текот на вчерашниот ден беше исцрпена расправата во првото читање на предлог-законот што со паузи, траеше неколку месеци.

Предлог-законот потоа ќе биде доставен до Комисијата за Европски прашања каде што партиите најавија амандмани. Со оглед на фактот што законот е со европско знаменце, според Деловникот, дискусијата во Комисијата ќе трае три дена, а потоа оди на пленарна седница. Од опозицијата најавуваат амандмани за, како што наведуваат, коригирање на ова законско решение и негово усогласување со Уставот. За парламентарното мнозинство овој предлог-закон претставува чекор кон соживот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари