Повредени 30 ученици од Демир хисар

Околу 30 ученици биле повредени во сообраќајна несреќа која се случила денеска, кога автобусот со кој се превезувале се судрил со друго возило на патот Демир Хисар – Крушево, соопшти полицијата.

Според информациите на МВР, утринава во околу 07.30 часот на патот Демир Хисар-Кичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево, и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од селото Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од демирхисарското основно училиште „Гоце Делчев".

Во несреќата со тешко повреден бил возачот на комбето, а со телесни повреди добиле сите ученици.

На сите повредени им била укажана лекарска помош во Клинички центар во Битола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари