Повеќејазични патни ознаки утринава се поставуваат пред сите поважни институции

Повеќејазичните патни ознаки од рано утринава се поставуваат пред сите поважни институции. Една од првите локации каде беа ставени нови патокази кај Музејот на Град Скопје.

Тоа е предвидено со Законот за јазици кој вчера македонските пратеници го изгласаа со 69 гласа "ЗА".

Во член 7 од Законот, се предвидува:

„(1) Називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на англиски јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

Поврзани

Најнови вести

Коментари